Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Одбојкарките на Македонија У20 осми на БВА квалификациите во Мостар

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Женската репрезентација на Македонија до 20 години го заврши настапот на БВА зонските квалификации во Мостар на осмото, последно место, откако забележа пет порази во исто толку натпревари.

Македонските одбојкарки одиграа три средби во групната фаза, а потоа уште два натпревари во разигрувањето за пласман. На петте дуели успеаја да освојат три сета, а иако резултатски не стигнаа до победа, турнирот беше значајно искуство за оваа млада генерација.

Ова беше премиерен настап на селекцијата на Македонија до 20 години во евро-квалификациите. Младите одбојкарки имаа можност да се соочат со репрезентации со поголема традиција и искуство во младинските категории, а во одредени периоди покажаа дека можат да бидат рамноправен противник.

Најголема неизвесност имаше во дуелите со Босна и Херцеговина. Македонија прво загуби со 2:3 во групната фаза, а потоа со 1:3 во разигрувањето за пласман. Двата натпревари донесоа големи пресврти, падови и подеми, а во завршниците одлучуваа нијанси и техничките грешки. Сепак, македонската селекција не успеа да излезе како победник.

Русија е победник на БВА зонските квалификации, откако во финалето ја совлада Белорусија со 3:1. Турција го освои третото место со убедливата победа од 3:0 над Романија, додека Бугарија во дуелот за петтата позиција славеше против Србија со 3:2.

БВА ЗОНСКИ КВАЛИФИКАЦИИ У20 Ж

ГРУПНА ФАЗА:

РОМАНИЈА – МАКЕДОНИЈА 3:0 (25:17, 25:20, 25:16)

МАКЕДОНИЈА – БЕЛОРУСИЈА 0:3 (19:25, 19:25, 18:25)

БИХ – МАКЕДОНИЈА 3:2 (24:26, 22:25, 25:21, 25:18, 15:11)

РАЗИГРУВАЊЕ ЗА ПЛАСМАН 5-8. МЕСТО:

СРБИЈА – МАКЕДОНИЈА 3:0 (25:13, 25:14, 25:16)

МЕЧ ЗА 7. МЕСТО:

МАКЕДОНИЈА – БИХ 1:3 (14:25, 25:23, 22:25, 14:25)

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Штип УГД тргнува по нов трофеј: Суперкупот е првата станица кон одбрана на двојната круна

Нова сезона, нови предизвици и нова можност за трофеј за Штип УГД. Шампионот на Македонија утре во Тетово ќе го одигра Суперкупот, со...

ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на Андреј Коцевски и Кирил Неделков, тимот од Јосифово го претстави повратникот...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Муслиу: Мора да ставиме прст на глава, да видиме што правиме и како се однесуваме кон дресот

Во единаесет дена македонската фудбалска репрезентација игра четири меча, утре во Луцерн...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У18 минимално поразена од Црна Гора во Охрид

Репрезентацијата на Македонија до 18 години со минимални 0:1 загуби од Црна...

Останати репрезентацииРепрезентација

(ФОТО) Историски успех за Изабела Зајков: Бронза на Светското првенство во самбо!

Голем успех за македонското самбо и македонскиот спорт! 15-годишната радовишанка Изабела Зајков...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!