Прва лигаФудбал

Коцев: Нѐ очекува тежок натпревар против Арсими, одиме по три бода

Сподели
Сподели

Брегалница в сабота ќе го одигра првиот домашен меч од новата сезона во рамките на 2. коло на ПМФЛ, а на кој меч кој се игра под рефлектори „сините“ ќе бараат први бодови.

Капитенот на Брегалница, Стефан Коцев вели дека работеле напорно изминатиот период и дека се фокусирани на зацртаната цел – три бодови.

„Атмосферата во клубот е одлична. Работиме напорно, владее позитивна енергија и сите сме максимално посветени и фокусирани на зацртаната цел. Новите засилувања донесоа дополнителен квалитет и конкуренција во тимот, што само нѐ прави посилни. Како капитен, верувам во оваа екипа и во работата и енергијата што ја вложуваме секој ден. Во сабота нѐ очекува тежок натпревар против Арсими, но со максимално сериозен пристап, борба и поддршка од нашите навивачи, верувам дека ќе ги освоиме трите бода. Ја повикувам штипската публика и навивачите во сабота, да го “наполниме” Градски и на крај сите заедно да се радуваме на првите 3 бодови во новата сезона во прва лига“, изјави капитенот Коцев.

Натпреварот се игра со почеток од 19 часот на Градскиот стадион во Штип, а цената на билетот изнесува 100 денари.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на фудбалската сцена, а во последниот пријателски натпревар пред стартот на сезоната...

Останати репрезентацииРепрезентација

(ФОТО) Историски успех за Изабела Зајков: Бронза на Светското првенство во самбо!

Голем успех за македонското самбо и македонскиот спорт! 15-годишната радовишанка Изабела Зајков освои бронзен медал на Светското првенство во самбо за кадети, кое...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!