Останато

Пелистер Волеј продолжува да гради иднина: Шест домашни одбојкарки остануваат дел од битолскиот проект

Сподели
ФОТО: ОК Пелистер Волеј
Сподели



Пелистер Волеј продолжува со јасната стратегија за развој на сопствени кадри и во пресрет на новата сезона 2026/27 ја потврди довербата во шест домашни одбојкарки, кои ќе бидат важен дел од сениорскиот тим.

Во новата сезона во дресот на битолскиот клуб ќе продолжат Нина Тасевска, Сара Атанасовска, Искра Стефановска, Евгенија Јовчева и Мартина Талевска, додека Марија Темелковска добива шанса и се приклучува на сениорскиот состав.

Темелковска, Тасевска, Атанасовска и Јовчева се производ на школата на Пелистер Волеј и беа дел од сребрената кадетска генерација во изминатата сезона, која остави силен впечаток со своите настапи. Во клубот веруваат дека токму овие млади одбојкарки во иднина ќе имаат уште позначајна улога и ќе бидат носители на играта.

Во составот останува и Искра Стефановска, која исто така беше дел од сребрената кадетска генерација и за краток временски период направи значителен исчекор во својот развој, потврдувајќи дека е една од перспективните одбојкарки на клубот.

Довербата продолжува и кон Мартина Талевска, која веќе неколку сезони успешно настапува на позицијата либеро во сениорскиот тим и со своето искуство ќе биде важен фактор во новата натпреварувачка сезона.



Од Пелистер Волеј потенцираат дека сите овие одбојкарки се доказ за посветената работа со младите категории и за континуираното вложување во развојот на домашните таленти. Во клубот веруваат дека нивниот напредок ќе продолжи и во сезоната 2026/27, а со гордост истакнуваат дека Пелистер не е само клуб – тоа е чест за секоја битолчанка.

Со задржувањето на домашното јадро и промоцијата на нови млади сили во сениорскиот состав, Пелистер Волеј испраќа јасна порака дека иднината на клубот ќе продолжи да се гради врз сопствената школа и талентираните одбојкарки од Битола.



Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Мал Ајакс го преживеа Кратово и во Штип се враќа со три бода

Повеќе од неизвесен беше дуелот на Кратово и Мал Ајакс, каде гостинот од Штип кој лани испадна од елитата славеше со 2:3, во...

Трета лигаФудбал

Прв „кикс“ на Победа, Млекар до првиот бод, Бучин слави над Победа од Пепелиште

Прилепска Победа го направи првиот „кикс“ откако одигра 0:0 против Венец во Долни Дисан на отварање на 7. коло на Трета лига регион...

Поврзани написи
Останато

Газели Волеј и Вардар преку тај-брејк до нови победи во Првата лига

Второто коло од Првата одбојкарска лига за жени донесе голема неизвесност и...

Останато

Познат изгледот на Првата А и Б одбојкарска лига во машка конкуренција

По комплетирањето на натпреварите од претколото, познат е составот на двете групи...

Останато

Универзитет во Тетово преку „златен сет“ обезбеди пласман во Првата А лига

Одбојкарите на Универзитет во Тетово го освоија последното место во Првата А...

Останато

Борец, Струмица 47&72, Работнички 71&22 и Сушево обезбедија место во Првата А лига

Одбојкарските екипи на ГОК Борец, Струмица 47&72, Работнички 71&22 и Сушево успешно...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!