Прва лигаФудбал

Шкендија Арачиново со пет нови потписи продолжува да го гради тимот за историската прволигашка сезона

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија Арачиново
Сподели

Фудбалскиот клуб Шкендија Арачиново продолжува активно да се засилува во пресрет на својата дебитантска сезона во Првата македонска фудбалска лига. Раководството на клубот официјално претстави уште пет нови фудбалери кои ќе го носат дресот на тимот во новиот шампионат.

Нови членови на Шкендија Арачиново се Мартин Тодоров, Хадис Велии, Аритон Мехмед, Есмин Личина и Сумер Хасан.

Дваесет и двегодишниот Мартин Тодоров настапува на позицијата десен бек и пристигнува од Тиквеш. Искусниот 36-годишен голман Хадис Велии се враќа во македонскиот фудбал по настапите во косовскиот шампионат. Дефанзивците Есмин Личина и Сумер Хасан доаѓаат од редовите на Башкими, додека Аритон Мехмед, кој игра на позицијата десно крило, во Арачиново пристигнува од Работнички.

Со овие засилувања, Шкендија Арачиново дополнително го зајакнува ростерот во пресрет на најголемиот предизвик во клупската историја. Клубот за првпат ќе настапува во Првата македонска фудбалска лига, откако минатата сезона го освои третото место во Втората лига, а потоа преку баражот со победа над Пелистер обезбеди историски пласман во елитното друштво.

Новата сезона во Првата лига започнува на 25 јули, а Шкендија Арачиново првиот предизвик ќе го има на гостински терен против актуелниот шампион Струга, каде ќе го започне своето историско прволигашко патување.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Червар предупредува на пеколен ритам пред Гдањск: „Играчите не се животни, се изморуваат!“

Еурофарм Пелистер го очекува нов сериозен европски испит, а предводникот на битолчани, Лино Червар, е свесен за тежината на задачата што му претстои...

Ракомет

„Сакаме да играме под притисок“ – Видомски најави европска битка во Битола!

По домашното дерби со Алкалоид, ракометарите на Еурофарм Пелистер целосно ги насочуваат мислите кон новиот европски предизвик. Во Битола пристигнува полскиот Вибжеже Гдањск,...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Силекс ѝ ги расипа плановите на Шкендија – кратовци освоија бод, тетовци заостануваат зад лидерот Струга!

Шкендија пропушти можност да ја намали разликата во однос на лидерот Струга...

Прва лигаФудбал

Шкендија против Силекс ќе цели кон нови три бода

Шкендија се враќа на фудбалските обврски по двонеделната пауза поради репрезентативните настапи,...

Прва лигаФудбал

Тимовски: Играме добро и создаваме шанси, против Шкендија одиме по позитивен резултат

По серијата позитивни резултати, Силекс во минатото коло претрпе пораз на домашен...

ФудбалЧетврта лига

Маџари со триумф над Победа, Кадино го декласираше Ускуп со осум гола

Деветтата рунда на Четвртата лига РФС 1 во Гази Баба донесе две...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!