Ракомет

Висла Плок го зеде столбот на одбраната на Охрид!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Шпанскиот интернационалец Ориол Реј официјално, повеќе нема да биде дел од ГРК Охрид, откако кариерата ќе ја продолжи во полскиот шампион Висла Плок. Полскиот клуб ја активирал откупната клаузула од неговиот договор и така го обезбеди неговиот потпис.

До трансферот дојде откако Висла Плок остана без планираното засилување. Матеј Хавран од Татабања требаше да се пресели во полскиот гигант, но поради повредата трансферот пропадна, па клубот мораше експресно да најде ново решение за пивотменската позиција.

Иако останува без еден од своите најважни дефанзивци, охридскиот клуб ќе добие финансиска отштета. Во договорот на Реј постоела откупна клаузула, која Висла Плок ја искористила за да го реализира трансферот.

ФОТО: ГРК Охрид

Охриѓани веќе имаат план како да ја пополнат празнината во составот. Во дефанзивните задачи поголема улога ќе има Филип Талески, додека на пивотменската позиција минутажата ќе ја преземе новото засилување, Јапонецот Шуичи Јошида.

Реј во изминатиот период беше едно од најважните имиња во одбраната на ГРК Охрид и остави значаен белег во успесите на клубот, пред новиот предизвик во полскиот шампионат.

ФОТО: ГРК Охрид

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Голем хуман гест за голем јубилеј: Фудбалската школа „Еден на Еден“ од Могила слави 15 години со добротворна акција!

Фудбалската школа „Еден на Еден“ од Могила одлучи својот 15-годишен јубилеј да го одбележи на посебен начин – наместо со традиционална прослава, младите...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Каранфиловска и Коловска за важни три бода: Истатов го совлада Кочани, кој остана „закован“ на дното

Фудбалерките на Истатов го совладаа Кочани со 2:0 во последниот натпревар од 11. коло на Првата женска фудбалска лига. Ања Каранфиловска и Андреа...

Поврзани написи
Ракомет

Ројевиќ не ги заборава успесите со Војводина: Поранешниот клуб му посвети посебна порака!

Репрезентативната пауза донесе и средба со минатото за тренерот на ГРК Охрид,...

Ракомет

Охриѓани со густ распоред во ноември: Пет натпревари, европски двомеч и големо дерби во Битола!

Ракометарите на ГРК Охрид ги очекува исклучително  напорен ноември, во кој ќе...

Ракомет

Вардар го сопре Пелистер, но следниот противник е само два бода зад него

Вардар со победата од 31:23 над Еурофарм Пелистер остана единствениот непоразен состав...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!