Ракомет

Талески потпиша за Охрид: „Охрид заслужува големи ракометни успеси“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид продолжува со сериозното засилување на играчкиот кадар за новата сезона, а најново име во редовите на „гладијаторите“ е искусниот лев бек Филип Талески.

Триесетгодишниот ракометар стави потпис на договор за сезоната 2026/27, со можност соработката да биде продолжена и за уште една година. Во охридскиот тим ќе го носи дресот број 28.

Талески во Охрид пристигнува од унгарска Татабања, а зад себе има богата интернационална кариера. Ракометните почетоци ги имаше во Металург, по што направи трансфер во германскиот гигант Рајн Некар Левен, со кој ја освои титулата во Бундеслигата. Во Германија настапуваше и за Балинген, а во кариерата ги бранеше и боите на Вардар 1961 и португалска Бенфика.

ФОТО: ГРК Охрид

Со ангажманот на Талески, охридскиот клуб го реализира осмото официјално засилување за претстојната сезона. Претходно во клубот пристигнаа бековите Никола Зечевиќ, Мартин Карапалевски, Мартин Ивановски и Доминик Мате, крилото Адама Кеита, голманот Дино Славиќ и јапонскиот пивот Шуичи Јошида.

По потпишувањето на договорот, Талески не го криеше задоволството што кариерата ќе ја продолжи во Охрид.

„Потписот за ГРК Охрид за мене претставува нов, голем предизвик и исклучително мотивирачки проект. Клубот покажа огромна желба, сериозна визија и амбиција кои целосно се поклопуваат со моите лични и спортски цели. Среќен сум што ќе го носам дресот на Охрид, клуб кој незапирливо расте и има фантастична публика. Охрид заслужува големи ракометни успеси, а јас сум тука да го дадам својот максимум на секој натпревар за да ги оствариме зацртаните цели на клубот како во домашното првенство, така и на меѓународна сцена“- изјави Талески.

ФОТО: ГРК Охрид

Со ангажманот на Талески, Охрид дополнително го засилува ростерот во пресрет на новата сезона, во која клубот ќе има високи амбиции и на домашната, и на европската сцена, каде ќе ја брани титулата во ЕХФ Европскиот Куп.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во Струмица, односно Општинската лига, која стартува веќе во недела, а ќе...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!