Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Кадетите ги започнаа подготовките за Европското првенство во Гевгелија и Скопје

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Машката репрезентација на Македонија до 16 години ги стартуваше подготовките за Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое од 6 до 15 август ќе се игра во Гевгелија и Скопје.

По неколкунеделниот селективен процес, во кој учествуваа повеќе од 40 млади кошаркари, стручниот штаб го финализираше списокот со 16 репрезентативци што ќе ги започнат подготовките за претстојниот шампионат.

Во почетната фаза акцентот ќе биде ставен на проверка на физичката подготвеност на играчите, по што следува воигрување на тимот и подготовка за предизвиците што ги носи Европското првенство.

„На ова му претходеа селективни тренинзи на кои повикавме околу 40 до 45 кошаркари од оваа возрасна категорија. По сработеното, ја сведовме бројката на 16 кандидати за настап на Европското првенство, кое, како што е познато, ќе се одржи кај нас, во Македонија, односно во Гевгелија и Скопје“, вели селекторот Дејан Стојановски.

Првиот дел од подготовките е насочен кон проверка и подобрување на нивната физичката подготвеност.

„Оваа прва фаза ја стартуваме со тестови за физичка проверка на кошаркарите на кои ќе сметаме во наредната фаза од подготовките. Оваа седмица ќе ја поминеме токму во секојдневно проверување и подигнување на физичката подготвеност кај играчите. Морам да истакнам дека успешно ги издржаа сите напори кои ги носат овие тренинзи, а тие никогаш не се лесни“, додава Стојановски.

Покрај селекторот Стојановски, во работата со кадетската репрезентација се вклучени и асистентите Павел Вилев, Еркан Исмаили и Живко Старделов, како и Александар Зунзуровски, Александар Спирковски и Филип Колевски, кој е задолжен за физичката подготовка на репрезентативците.

Во наредните денови ќе продолжи работата на физичката подготовка, а за време на викендот се предвидени и првите контролни натпревари.

„За време на викендот планираме овие 16 играчи да ги поделиме во две групи кои ќе одиграат меѓусебен натпревар. Веќе следната недела нè очекуваат и првите вистински проверки. Од 16 до 18 јули ќе гостуваме во Бугарија, каде договоривме два контролни натпревари – на 17 јули против домашната селекција ‘Под 16’, а на 18 јули против репрезентацијата на Ирска. Тие натпревари ќе бидат нов показател за нашата работа и дополнителен филтер, по кој подготовките ќе ги продолжиме со 14 кошаркари“, истакнува Стојановски.

Подготовките на македонската кадетска репрезентација ќе продолжат според предвидената програма, со цел селекцијата целосно подготвена да го дочека настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“. Големиот континентален собир ова лето ќе се одржи во Гевгелија и Скопје, каде македонските надежи ќе имаат можност да настапат пред домашната публика.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во Струмица, односно Општинската лига, која стартува веќе во недела, а ќе...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!