Втора лигаФудбал

ФОТО: Варадиновски прозиваше, второлигашот Новаци ги започна подготовките

Сподели
ФОТО: ФК Новаци
Сподели

Второлигашот Новаци денес ги започна подготовките за новата сезона која ќе започне на 15 август, откако новиот шеф на стручниот штаб Иван Варадиновски денес ја имаше првата прозивка со која се означи почеток на летните подготовки.

Клубот досега официјално се засили со Петар Гугуљанов и Кирил Стојков кои во пакет пристигнаа од Кожуф, а во следниот период се очекува уште некое засилување. Носителите на играта односно костурот на тимот е сочуван, а истиот ќе биде надополнет со цел да се зголеми квалитетот со сопствените редови.

Според информациите на Спортска Мрежа, Варадиновски веќе има во план да одигра неколку пријателски натпревари со цел да се темпира формата и со тоа да се добие јасна слика како одигра подигањето на формата.

Новата сезона екипата на Новаци ја отвара против Охрид во гости.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!