Младински фудбалФудбал

ВИДЕО: Атлетико од Битола слави 11 години приказна исполнета со успеси, посветеност и развој на младите таленти

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Атлетико од Битола одбележа значаен јубилеј – 11 години од своето основање, период во кој клубот од скромен почеток прерасна во препознатлива спортска приказна во која место имаат повеќе од 120 млади фудбалери и фудбалерки.

Клубот својата приказна ја започна во 2015 година со дваесетина деца и само еден тренер, а денес функционира со четворица тренери кои работат на развојот на новите генерации. Јубилејот беше одбележан на стадионот во Кукуречани, каде што членовите на клубот, родителите и пријателите заеднички го прославија успехот со дружење, спортски активности за децата и родителите, како и свечено сечење на роденденската торта.

„11 години посветеност. 11 години во кои сонот полека прерасна во јаве. 11 години полни со среќни и тажни моменти. 11 години во кои енергијата која ја носат и даваат сите наши деца и девојки не носи само напред, кон нови успеси“, порачаа од клубот.

Атлетико Битола зад себе има и значајни спортски резултати. Во женскиот фудбал клубот двапати беше шампион во кадетската женска фудбалска лига, двапати во младинската женска фудбалска лига, а ЖФК Атлетико ја освои и шампионската титула во сениорска конкуренција, триумфирајќи во Втората женска фудбалска лига.

За изминатите 11 години, сопственикот и претседател на клубот Никола Гелевски се наврати на почетоците и на патот кој Атлетико го измина од основањето до денес.

„Почнав со 20 деца во првата година 2015 година, а сега 2026 година фала му на БОГ над 120-130 деца, почнав со еден тренер Мими, а сега имам 4 тренери, не го пишам ова за да се фалам, ова го пишам за да сватите сите дека со напорна работа и со верба во Бог можете да успеете во животот, никогаш не барав изговори, не ми беше важно што зборувавте за мене, секогаш само продолжував да се борам оти така сум воспитан од мојот татко, заслугата што денес сум ова што сум и што постигнав е негова најголема. Голема благодарност до сите кои овие 11 години ми помогнале на било каков начин, но и на тие што ми одмогнале, фала ви и вас оти вие ме направивте уште посилен“, вели Никола Гелевски, сопственик на ФК Атлетико од Битола, кој ја има функцијата претседател на клубот.

Од битолскиот клуб им се заблагодарија на сите деца, родители, тренери и поддржувачи кои низ годините биле дел од оваа приказна, со порака дека Атлетико продолжува со истата посветеност – создавање нови генерации спортисти, но пред сè добри и вредни луѓе.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во...

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!