Ракомет

Ракометарките на Струга 2024 на прием кај градоначалникот Ќура по успешната сезона и освоеното трето место

Сподели
Сподели

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, оствари средба со ракометарките на Женскиот ракометен клуб „Струга 2024“, кои зад себе имаат успешна сезона, крунисана со освоеното трето место.

На приемот, градоначалникот им честиташе за одличниот резултат и им посака уште поголеми спортски успеси во периодот што следува, истакнувајќи дека нивниот успех претставува гордост за Струга и пример за младите спортисти.

Во разговорот со ракометарките, Ќура нагласи дека Општина Струга е свесна за условите во кои функционираат младите спортски колективи, но потенцираше дека тие не смеат да бидат пречка за нивната амбиција, посветеност и желба за напредок.

Тој ја потврди и заложбата на локалната самоуправа да продолжи со активности насочени кон подобрување на спортската инфраструктура и условите за работа, нагласувајќи дека Општина Струга ќе остане вистински партнер и поддршка на сите спортски клубови.

Од Општина Струга порачаа дека успесите на младите спортисти се најдобра мотивација за понатамошни инвестиции во спортот и развојот на идните генерации, упатувајќи им честитки на ракометарките на ЖРК „Струга 2024“ за освоеното трето место и желби за уште поголеми достигнувања во наредните сезони.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!