Ракомет

Охрид не ја доби посакуваната вајлд-карта, Еурофарм Пелистер единствен македонски претставник во Лигата на Европа

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Еурофарм Пелистер ќе биде македонскиот претставник во групната фаза од Лигата на Европа во новата сезона, додека ГРК Охрид ќе ги продолжи настапите во ЕХФ Европскиот Куп.

Битолскиот тим ќе биде сместен во првиот шешир пред ждрепката за групите, која е закажана за 17 јули. Првите натпревари во второто по ранг европско клупско натпреварување ќе се играат на 29 и 30 септември.

Местото во Лигата на Европа му припадна на Еурофарм Пелистер откако Вардар доби место во Лигата на шампионите. Со тоа, битолчани ја преземаа квотата што според ранкингот беше наменета за македонскиот шампион, додека Европската ракометна федерација не го прифати барањето на Охрид за настап во ова натпреварување.

Во групната фаза од Лигата на Европа, двете најдобро пласирани екипи од секоја група ќе обезбедат директен пласман во нокаут-рундата, каде ќе им се приклучат и третопласираните и четвртопласираните состави од групите во Лигата на шампионите.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф го промовираше новиот тренер

Второлигашот Кожуф го промовираше Вангел Алтипармаковски за нов шеф на стручниот штаб. Алтипармаковски ќе го преземе сениорскиот тим и ќе го предводи гевгелискиот...

ФудбалФутсал

Македонскиот футсал шампион го промовираше Насаф Шабанов

Екипата на Проект од Јосифово за сезона 2026/2027 ќе биде посилна со Насаф Шабанов, кој е промовиран во дресот на македонскиот футсал шампион....

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!