Прва лигаФудбал

Михаил Димитриевски се раздели со Силекс, ќе продолжи во нова средина

Сподели
ФОТО: ФК Силекс
Сподели

Македонскиот фудбал Михаил Димитриевски кариерата ќе ја продолжи во нова средина, откако се раздели со Силекс.

23-годишниот фудбалер во Силекс пристигна оваа зима и успеа со кратовскиот прволигаш да го освои Купот на Македонија, но сега е време за нов предизвик во неговата кариера.

Димитриевски е фудбалер кој може да одговори на повеќе позиции, покривајќи ги крилните места како во нападот, така и во одбраната на двете страни од теренот. Во текот на есенската полусезона настапуваше за Работнички, а со својата поливалентност треба да донесе дополнителни решенија во тимот на Силекс.

Во Кратово пристигна од редовите на Работнички, а беше дел и од Локомотива, Кит Го од Пехчево и Брегалница. Во првата македонска фудбалска лига има забележано 113 настапи.

Димитриевски е поранешен младински репрезентативец на Македонија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на фудбалската сцена, а во последниот пријателски натпревар пред стартот на сезоната...

Останати репрезентацииРепрезентација

(ФОТО) Историски успех за Изабела Зајков: Бронза на Светското првенство во самбо!

Голем успех за македонското самбо и македонскиот спорт! 15-годишната радовишанка Изабела Зајков освои бронзен медал на Светското првенство во самбо за кадети, кое...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!