Турнири

Јубилејниот турнир „Ораовица 2026“ подготвува спектакл: 390.000 денари награден фонд и бесплатно сместување за екипите од подалечните градови

Сподели
Сподели



Ораовица и ова лето ќе биде во фокусот на возбудувањата од малиот фубдал, откако ФК „Изведен“, со поддршка на Општина Радовиш, ќе го организира јубилејното 10. издание на турнирот во мал фудбал „Ораовица 2026“.

Организаторите ги повикуваат сите екипи, спортисти и љубители на спортот да бидат дел од турнирот, истакнувајќи дека годинава се направени дополнителни подобрувања во организацијата. По анализата на претходните изданија, целта е јубилејниот турнир да понуди уште поквалитетни услови за игра, максимален фер-плеј, одлична организација и вистински спортски спектакл за сите учесници и посетители.

Пријавувањето на екипите ќе трае до 14 јули 2026 година, а почетокот на турнирот е закажан за 15 јули. Право на настап ќе имаат најмногу 24 екипи, што се очекува да донесе силна конкуренција и неизвесни натпревари.

Годинава наградниот фонд изнесува 390.000 денари. Победничката екипа ќе инкасира 200.000 денари, второто место носи 100.000 денари, третопласираниот тим ќе добие 50.000 денари, додека четвртото место е наградено со 25.000 денари.

Покрај сениорскиот турнир, ќе се организираат и натпревари во пионерска конкуренција, во две возрасни категории – 2012–2014 и 2015–2018, како и турнир во женски футсал, со што организаторите продолжуваат да го развиваат турнирот и во останатите категории.

Како и секоја година, ќе бидат доделени и индивидуални признанија за најдобар играч, најдобар стрелец и најдобар голман на турнирот.

Една од најголемите новини на јубилејното издание е обезбедувањето бесплатно сместување за сите пријавени екипи кои доаѓаат од подалечните градови во Македонија и од странство. Со овој потег организаторите сакаат да го олеснат учеството на гостинските екипи и да привлечат што поголем број квалитетни состави.

И годинава Спортска Мрежа ќе биде медиумски покровител на турнирот, што претставува втора година по ред успешна соработка со организаторите. Преку своите платформи, Спортска Мрежа ќе ги следи сите случувања, ќе известува за резултатите, најинтересните моменти и атмосферата од еден од најатрактивните летни турнири во регионот.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

ФОТО: Сигурна победа за Тримо Требње над Нексе Нашице на турнирот во Охрид

Тримо Требње со триумф на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид откако го доби Нексе Нашице со резултат со 26:21. Словенечкиот тим до...

Ракомет

Утре започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Утре започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, а на истиот ќе настапат домаќинот Прилеп, Мулти Есенс, Младост Богданци, Бутел,...

Поврзани написи
Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

Турнири

Меморијалниот турнирот во Дебреште влегува во возбудлива фаза, од утре стартува осминафиналето

Заврши групната фаза на меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески –...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!