Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија го завери првото место – следува нов чекор кон Евробаскет 2029

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

По убедливата победа над Ирска, машката сениорска репрезентација на Македонија ја исполни првата цел во претквалификациите за ФИБА Евробаскет 2029. Нашиот национален тим го обезбеди првото место во групата А и официјално се пласира во втората рунда од претквалификацискиот циклус.

Иако до крајот на групната фаза останува уште гостувањето кај Луксембург на 5 јули, Македонија веќе математички не може да биде симната од лидерската позиција.

Во втората рунда, која започнува на 27 август, ќе настапат 12 репрезентации. Покрај четирите победници од првата претквалификациска фаза, место ќе обезбедат и осумте селекции кои нема да успеат да ја минат првата рунда од квалификациите за Светското првенство 2027.

Репрезентациите ќе бидат поделени во четири групи со по три тима, а натпреварите ќе се играат од август 2026 до февруари 2027 година, во три ФИБА квалификациски „прозорци“. Секоја селекција ќе одигра по четири натпревари, според системот „секој со секого“.

Само победниците на четирите групи ќе обезбедат директен пласман во главните квалификации за ФИБА Евробаскет 2029.

За селекциите кои нема да успеат да ја минат втората рунда, ФИБА предвидува уште една можност. Во третата претквалификациска фаза ќе играат осумте репрезентации кои ќе отпаднат од втората рунда, заедно со шестте најслабо пласирани селекции од првата фаза. Тие ќе бидат поделени во четири групи, а победниците ќе ги комплетираат учесниците во квалификациите за Евробаскет 2029.

Пред почетокот на новата квалификациска етапа, Македонија ја очекува уште еден натпревар од актуелната фаза – гостување кај Луксембург на 5 јули, со цел претквалификациите да ги заврши со уште една победа и максимална самодоверба пред следните предизвици.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на фудбалската сцена, а во последниот пријателски натпревар пред стартот на сезоната...

Останати репрезентацииРепрезентација

(ФОТО) Историски успех за Изабела Зајков: Бронза на Светското првенство во самбо!

Голем успех за македонското самбо и македонскиот спорт! 15-годишната радовишанка Изабела Зајков освои бронзен медал на Светското првенство во самбо за кадети, кое...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

(ФОТО) Историски успех за Изабела Зајков: Бронза на Светското првенство во самбо!

Голем успех за македонското самбо и македонскиот спорт! 15-годишната радовишанка Изабела Зајков...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија повторно без гол и без бодови: Шкотска со триумф си замина од Скопје

Фудбалската репрезентација на Македонија продолжува без победа и без постигнат гол во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Македонија против Шкотска ќе напаѓа со Миовски и Елмас

Македонија вечерва од 20:45 часот ја пречекува Шкотска на Националната арена „Тодор...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ФФМ: Точни информации за цените и распределбата на билетите за Македонија – Шкотска

Фудбалската федерација на Македонија сподели информација околу билетите, како што велат од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!