Македонскиот атлетичар Огнен Стефановски испиша ново историско поглавје во македонската атлетика, откако постави нов национален рекорд во дисциплината десетобој на Националното првенство на Словенија кое се одржа во Марибор.
По два исклучително тешки и квалитетни натпреварувачки дена, во кои настапуваше во десет различни дисциплини, Стефановски освои вкупно 7189 бодови и на тој начин го подобри досегашниот македонски рекорд за дури 541 бод.
Остварениот резултат според официјалната светска атлетска таблица вреди 1001 поен, што претставува огромен успех за македонската атлетика и уште една потврда за квалитетите на младиот македонски репрезентативец.
Со новиот рекорд, Стефановски се вбројува меѓу најуспешните македонски атлетичари во историјата на повеќебојот, а воедно испраќа сериозна најава дека може да биде конкурентен и на големите меѓународни сцени.
Македонскиот репрезентативец нема многу време за одмор, бидејќи веќе следниот викенд го очекува настап на Европското првенство за мали земји, додека на 20 јуни ќе настапи и на Балканското првенство за сениори, каде што ќе конкурира и за освојување медал.
Македонската спортска јавност со големо внимание ќе ги следи неговите следни настапи, бидејќи Огнен Стефановски дефинитивно најавува блескава иднина и нови успеси за македонската атлетика.
Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.
Фудбалерот на штипска Брегалница, Давид Калпачки, успешно го заврши оперативниот зафат по тешката повреда со која се здоби кон крајот на август. Сега...
Утре со три натпревари се отвара 10. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се комплетира в недела со четири средби. Познати...
Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со македонскиот мотоциклист Христијан...
Македонија ќе има тројца свои претставници на Младинските олимписки игри во Дакар...
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ W50 турнирот во...
Министерот за спорт, Борко Ристовски, гостуваше во емисијата „Спорт фокус“ на ТВ...