Младински фудбалФудбал

Охрид со минимална победа над Њу Старс, Брера убедлива против Беласица!

Сподели
Сподели

Овој викенд се одиграа натпреварите од 10. коло на Младинската суперлига кое ќе се комплетира во среда со мечот меѓу Шкендија и Победа.

Охрид на домашен терен со минимални 1:0 славеше над Њу Старс со голот на Јован Симоновски, кој беше постигнат во 25. минута од мечот.

Брера Струмица ја декласираше Беласица во градското дерби со 6:0. Хет-три на натпреварот запиша Ѓоко Спасов, а по еден гол постигнаа Кузмановски, Талески и Андоновски.

Вардар со 2:0 забележа триумф на домашен терен против штипска Брегалница, со погодоците на Хасиќ во првиот дел и Лефковски во вториот дел.

Работнички и Шкупи ги поделија бодовите во десеттата рунда откако двете екипи одиграа 1:1. Атониј Трајковски во 34. минута си постигна автогол за 0:1 и водство на Шкупи на полувреме.

Во вториот дел младите „романтичари“ преку Аљмир Подраѓа во 62. минута дојдоа до конечните 1:1.

Македонија ЃП на домашен терен запиша триумф од 2:0 над Пелистер, преку голот на Исмани во 38. минута и Јакимовски во 58. минута.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД МЛАДИНСКАТА СУПЕРЛИГА:

 

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК АП БРЕРА СТРУМИЦА АД 10 7 2 1 35 6 +29 23
2 ФК РАБОТНИЧКИ АД 10 6 2 2 19 7 +12 20
3 ФК ПЕЛИСТЕР АД 10 5 4 1 18 10 +8 19
4 ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС 10 5 1 4 16 15 +1 16
5 ФК МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 1932 АД 10 5 0 5 16 16 0 15
6 ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 АД 10 4 2 4 28 22 +6 14
7 ФК ВАРДАР АД 10 4 2 4 15 9 +6 14
8 ФК ШКУПИ-1927 АД 10 3 5 2 18 14 +4 14
9 ФК ЊУ СТАРС 10 3 2 5 15 17 -2 11
10 ФК ШКЕНДИЈА АД 9 3 2 4 19 21 -2 11
11 ФК БЕЛАСИЦА АД 10 2 2 6 8 24 -16 8
12 ФК ПОБЕДА АД 9 0 0 9 6 52 -46 0

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на Вардар 1961 реализираа посета со посебно значење, оддавајќи почит на историјата...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на 17 ноември ги очекува исклучително важен дуел во Лигата на Европа....

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!