ФудбалЧетврта лига

Еврогол кој ја одбележува сезоната во мак-фудбалот: Бујамин Асани со гол за паметење!

Сподели
Сподели

Бајамин Асани го има евроголот со кој се одбележува сезоната во македонскиот фубдал, откако на денешниот натпревар од 9. коло во Општинската фудбалска лига во Кисела Вода или Четврта лига по ранг на натпреварување постигна голчиште кое е вистинско ремек-дело и кое сигурно дека ќе се памети долго во мак-фудбалот.

На овој натпревар Студеничани славеше со 1:4, а последниот гол беше токму оваа ремек-дело на 36-годишниот Бујамин, за што веќе информираше Спортска Мрежа.

Во новата сезона Студеничани е главен фаворит за освојување на првото место, а со тоа да има нов бараж за влез во Трета лига – Север, откако минатата сезона не го помина баражот.

  • ЕВРОГОЛОТ НА БУЈАМИН АСАНИ ЈА ОДБЕЛЕЖУВА СЕЗОНАТА ВО МАК-ФУДБАЛОТ:

Во својата кариера искусниот фудбалер има настапувано за Велешта, прилепска Победа, Работнички, Шкупи на домашната сцена, а пак во странство настапуваше за Ферузај во Косово, романска Ута и Капаз во Азербејџан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на Вардар 1961 реализираа посета со посебно значење, оддавајќи почит на историјата...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на 17 ноември ги очекува исклучително важен дуел во Лигата на Европа....

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!