ФудбалЧетврта лига

Супер дерби во Злеово на Слога и Спартмани, Огражден како фаворит по три бода, Интер Кукла го чува врвот

Сподели
ФОТО: ФК Огражден
Сподели

Во недела се играат натпреварите од 9. коло на Општинската фудбалска лига во Струмица, а оваа рунда носи меѓу Слога од Злеово и Спартмани, дерби за горниот дел од табелата.

Ване Ристов кој оваа зима се “пресели” од Слога во редовите на Спартмани в недела ќе настапи против својот поранешен клуб, додека пак Зоран Спасов кој во минатото го носеше дресот на тимот од Балдовци кога настапуваше во Трета лига – Исток, в недела ќе бара погодоци против својот поранешен клуб.

По поразот на Спартмани во претходното коло од Огражден, сега Интер Кукла е на врвот, а лидерот од Куклиш овој викенд ќе игра со Илинден од Добрејци, а домаќинот ќе ја има улогата на фаворит за трите бодови.

Напредок од Радово ќе го бара првиот позитивен резултат и првите сезонски бодови против против Дрвош, каде домаќинот со три бодови ќе има можност да напредок на табелата, а Дрвош и со триумф ќе биде на дното.

Огражден како фаворит во Ново Село ќе го пречека Единство од Пиперово, тим кој е на претпоследното место со самп три бодови.

Домаќинот кој е фаворит на хартија, ако ја оправда фавотиската улога, а притоа конкурентите второпласираниот Спартмани и лидерот Интер Кукла загубат тогаш Оргажден може да го презеде врвот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!