Останато

Солиден прв ден за македонските таеквондистки на ЕП 2026 во Крит

Сподели
Сподели

Првиот ден од Европското првенство 2026 во Крит, Грција донесе настапи на македонските репрезентативки Миа Танеска и Христијана Парулеска во дисциплината форми (борба со замислен противник).

Младата Миа Танеска се натпреваруваше во категоријата 11–13 години девојчиња – црвен појас, каде што го заврши настапот во осминафиналето, откако беше елиминирана од претставничка на бугарската репрезентација.

Одличен впечаток остави Христијана Парулеска, која настапи во категоријата 16–17 години јуниорки – црн појас I дан. Таа најпрво во 1/16 финалето ја совлада натпреварувачката од Германија, а потоа во осминафиналето беше подобра и од претставничка на Гренланд. Парулеска застана во четвртфиналето, каде во борбата за медал беше поразена од претставничката на Русија, која подоцна стигна до финалето и ја освои европската титула.

Возбудувањата продолжуваат и денес (22.04.2026), кога Македонија ќе има нови настапи. Теодора Митреска ќе се натпреварува во форми во сениорска конкуренција (18–34 години – црн појас I дан), додека Миа Танеска ќе излезе и во дисциплината борби, во категоријата 11–13 години девојчиња над 55 килограми.

Од Македонската традиционална таеквон-до федерација упатија поддршка и им посакаа многу успех на своите натпреварувачки во продолжението од шампионатот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Министерот Борко Ристовски го пречека светскиот карате шампион Марко Џорлев

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Министерството за спорт го пречека...

Останато

ФОТО: Подновена маркацијата на патеката Зла Страна – Карбула, планинарите со предупредување за тешкиот терен

Комисијата за планинарски патеки при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ)...

Останато

Стартуваа и кадетите, одиграни првите турнири

По стартот на натпреварувањето во младинските машки и женски лиги, од викендов...

Останато

Македонскиот шампион Штип УГД поразен на дебито во Лигата на шампион, првакот на Холандија максимален

Македонскиот одбојкарски шампион УГД Штип го имаше своето историско деби во Лигата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!