ИнтернационалциФудбал

(ВИДЕО) Херојот Димитриевски: Валенсија извлече бод кај Мајорка

Сподели
ФОТО: Valencia C.F | facebook
Сподели

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски одигра уште една извонредна партија и беше клучен за бодот на Валенсија на гостувањето кај Мајорка (1:1) во 33. коло.

Домашниот состав поведе на стартот од второто полувреме преку Саму Коста, кој во 49. минута ја искористи невнимателноста во одбраната.

Сепак, гостите возвратија преку Садик во 67. минута и поставија конечни 1:1.

До крајот на средбата, Мајорка имаше неколку сериозни шанси, но Димитриевски беше непробоен. Со низа одлични интервенции, меѓу кои и неколку клучни одбрани, македонскиот чувар на мрежата го задржа својот тим во игра и му обезбеди важен бод.

Валенсија дури имаше можност и за целосен пресврт во финишот, но не успеа да ја реализира шансата, па мораше да се задоволи со реми. По ова коло, „лилјаците“ се наоѓаат во средината на табелата, додека Мајорка останува веднаш зад нив.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!