Ракомет

Сѐ е подготвено за историја: Охрид вечерва го напаѓа полуфиналето – Олимпијакос го чека „пекол“!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Ракометарите на ГРК Охрид вечерва од 18:00 часот ќе го одиграат реванш натпреварот против Олимпијакос во рамките на ЕХФ Европскиот куп, со јасна цел – заверка на историски пласман во полуфиналето.

Македонскиот претставник во првиот натпревар одигран во Грција оствари значајна победа од 26:31, но во таборот на Охрид нема место за опуштање. Тренерот Борис Роjeвиќ потенцира дека предноста од пет гола не гарантира ништо и дека тимот мора максимално сериозно да влезе во реваншот.

Она што дополнително влева оптимизам е атмосферата – СРЦ „Билјанини Извори“ е целосно распродадена, а „рибарите“ ќе имаат огромна поддршка од трибините. Публиката ќе биде вистински ветер во грб за охриѓани во обидот да направат нов исчекор на европската сцена.

Капитенот Гоце Ојлески заедно со стручниот штаб повика на силна поддршка, а љубителите на ракометот одговорија – вечерва Охрид ќе „гори“.

Сѐ е подготвено за голема ракометна вечер, во која ГРК Охрид ќе се обиде да испише нова страница во својата историја и да обезбеди место меѓу најдобрите четири во ЕХФ Европскиот куп.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија вечерва против Полска, шампионот кој не знае за пораз на ЕП!

Апсолутниот фаворит во групата Б и актуелен бранител на титулата на ЕвроВолеј 2026, Полска, е следниот противник на македонската одбојкарска репрезентација. Дуелот од...

Втора лигаФудбал

Меч под рефлектори во Струмица: Беласица и Тетекс вечерва во битка за три бода

Петтото коло од Втората македонска фудбалска лига носи натпревар под рефлектори. Во Струмица, со почеток од 19:00 часот, ќе се соочат екипите на...

Поврзани написи
Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна...

Ракомет

ФОТО: Младост прокоцка голема предност и на крај загуби од Прилеп

Ракометарите на Младост беа на чекор од првата сезонска победа, но на...

Ракомет

Охрид ‘безмилосен’ во Езерското дерби: „Гладијаторите“ со убедливи 33-16 против Струга

ГРК Охрид стигна до првата победа во новата сезона во Супер лигата,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!