Македонскиот одбојкарски стратег Жарко Ристоски втора година по ред ја води екипата на Ал Хилал до титулата во одбојкарското првенство на Саудиска Арабија. Клучниот момент за освојувањето на шампионската титула беше гостинската победа со 3:1 над тогашниот лидер Ал Ахли.
Во претпоследното коло, кое се одигра викендов, Ал Хилал во градското дерби го победија тимот на Ал Насер со 3:1, додека конкурентот за титулата, Ал Ахли, загуби од Итихад со ист резултат. На само едно коло до крајот, Ал Хилал има две победи повеќе од Ал Ахли, што ја потврдува нивната шампионска позиција за сезоната 2025/2026, без разлика на исходот од последното коло.
Сезоната за тимот на Ристоски е перфектна, бидејќи освен првенството, тие ги освоија и Интернационалниот клубски шампионат и Сауди Националниот куп, со што ја комплетираа тројната круна.