Останато

Купот на ОФМ по 15 години повторно во Скопје

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Финалниот турнир од Купот на ОФМ 2026 во машка и женска конкуренција, по пауза од 15 години, повторно ќе се одржи во главниот град. Извршниот одбор на Одбојкарската федерација на Македонија одлучи завршниот турнир да се игра од 26 до 28 март 2026 година во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.

Федерацијата ја продолжува традицијата најдобрите четири екипи во куп-натпреварувањето, и во машка и во женска конкуренција, преку тридневна програма да се борат за првите трофеи во сезоната.

Во машка конкуренција на завршниот турнир ќе настапат истите екипи како и минатата сезона – бранителот на трофејот Штип УГД, ланскиот финалист Струмица 47&72, како и ГОК Борец и Работнички 71&22.

Кај дамите, пак, Наковски Волеј ќе ја брани титулата против предизвикувачите Младост УГД, Вардар ЕМ и Газели Волеј. За овие три екипи ова ќе биде историски настап, бидејќи за првпат ќе учествуваат на Ф4 турнир во Купот.

Во договор со медиумскиот партнер, Македонската радиотелевизија, која ќе врши директен пренос на сите натпревари, утврден е и распоредот на одигрување. На 26 март ќе се играат полуфиналните натпревари во женска конкуренција со почеток од 17:30 и 19:30 часот. Ден подоцна, во истите термини, ќе се одиграат полуфиналните средби кај мажите.

Големото финале е закажано за 28 март, кога најпрво ќе се игра финалето во женска конкуренција од 17:30 часот, а потоа и машкото финале од 19:30 часот.

Ждрепката за полуфиналните парови во двете конкуренции е предвидено да се одржи следната седмица во присуство на претставници од екипите учеснички. Датумот, времето и местото на ждрепката дополнително ќе ги потврди Комесарот за натпреварување.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Горан Станковски го избра составот: Македонија У15 ќе настапи на Светското првенство во Баку

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 15 години, составена од играчи од генерацијата 2011, ќе учествува на Светското првенство во фудбал во форматот...

Ракомет

Чупиќ: ,,Во Нант мораме да покажеме вистински гард и став!”

Ракометарите на Вардар 1961 вечерва го играат петтиот натпревар во Лигата на шампионите, а пред нив е тешко гостување кај францускиот Нант. Домашниот...

Поврзани написи
Останато

Кристиан Ристески: Ова претставува огромна чест и задоволство, но истовремено и голема одговорност за сите нас

Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД денес ќе дебитира во Лигата на шампиони,...

Останато

(ФОТО) По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп

По децении запуштеност, спортската сала „Македонија“ во Прилеп конечно ќе добие целосна...

Останато

Штип УГД пристигна во Холандија за историското деби во Лигата на шампионите, познати и судиите

Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД е во Холандија, каде што во среда...

Останато

Историски предизвик за Штип УГД: Македонскиот шампион дебитира во Лигата на шампионите!

Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД во среда (21 октомври) ќе го има...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!