ИнтернационалциФудбал

Охриѓанката Меланија Бимбилоска шампион на Западна Германија – сега ќе се бори за медал на завршниот турнир

Сподели
Сподели

Младата фудбалерка од Охрид, Меланија Бимбилоска, продолжува да бележи одлични резултати во Германија. Талентираната 13-годишна фудбалерка моментално настапува за екипата TuS Clodwig 1896 Zülpich во категоријата C Junior Ü15, каде со својот тим успеа да го освои првото место во натпреварувањето Regionalmeisterschaft West 2026.

Со овој успех, тимот на Бимбилоска стана шампион на Западна Германија за 2026 година, што претставува големо достигнување во силната конкуренција на младинските екипи од тој регион.

Овој викенд екипата на TuS Clodwig 1896 Zülpich ќе настапи на завршниот турнир на ниво на цела Германија, каде ќе се натпреваруваат најдобрите тимови од регионалните првенства. Очекувањата се големи, а надежите се дека младата охриѓанка заедно со својот тим може да стигне до уште еден значаен успех.



Доколку тимот успее да освои едно од првите три места, Меланија Бимбилоска би можела да стане првата Македонка која освоила медал на завршен турнир во Германија во оваа конкуренција.

Со освоената титула во Regionalmeisterschaft West Ü15, Бимбилоска веќе испиша мала историја како прва Македонка што станала шампион на Западна Германија во ова натпреварување, а следниот предизвик е уште поголем – борба за медал на национално ниво.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!