Прва лигаФудбал

Вардар славеше во Кратово и остана лидер, Брера ја шокираше Шкендија во 95. минута

Сподели
ФОТО: ФК Брера Струмица
Сподели

Дерби возбудувања донесе 22. коло во Првата македонска фудбалска лига. Вардар успеа да освои важни бодови на гостувањето кај Силекс во Кратово, додека во Тетово, Брера Струмица во последните секунди извлече бод против фаворизираната Шкендија.

„Црвено-црните“ славеа минимална победа од 0:1 против Силекс и така ја задржаа лидерската позиција на табелата пред почетокот на третиот круг од шампионатот. Вардар од стартот играше офанзивно и создаде неколку шанси преку Цветковиќ, Велковски и Закариќ, кој ја погоди пречката.

Клучниот момент на натпреварот се случи во 26. минута кога напаѓачот на Силекс, Дарко Додев, заработи втор жолт картон и ги остави домаќините со играч помалку. Набргу потоа, поради бурни реакции кон судијата, на трибините беше испратен и тренерот на кратовчани, Александар Васоски.

Вардар ја искористи бројчаната предност во финишот на првото полувреме. Во 43. минута Стефан Цветковиќ најдобро се снајде во шеснаесетникот и ја испрати топката во мрежата на Џеков за водство од 1:0. Во вториот дел темпото опадна и немаше многу возбудувања, па гостите без поголеми проблеми ја сочуваа предноста до крајот.



Натпреварот го одбележа и незгодната повреда на напаѓачот на Силекс, Ади Алиќ, кој по еден воздушен дуел мораше да биде изнесен од теренот со амбулантно возило.

Во исто време во Тетово се одигра драматичен натпревар меѓу Шкендија и Брера Струмица, кој заврши без победник (1:1). Домашниот тим уште во 16. минута остана со играч помалку откако Имран Фетаи заработи директен црвен картон по интервенција на ВАР.



И покрај тоа, Шкендија успеа да поведе во 33. минута кога Ендрит Красниќи ја затресе мрежата на гостите. Тетовчани долго време го чуваа минималното водство и изгледаше дека ќе стигнат до нови три бода, но Брера не се предаде.

Во петтата минута од судиското надополнување гостите изведоа брза акција, по која Виктор Велкоски со удар со глава го совлада голманот Гаје и донесе голем бод за струмичани.

По ова коло Вардар останува на врвот на табелата со три бода повеќе од Шкендија, која со ремито направи чекор назад во трката за шампионската титула.



Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

ГКК Штип го засилува ростерот со американски крилен центар пред дебито во новата сала „Џексон“

Новиот суперлигаш ГКК Штип 1933 продолжува активно да го составува тимот за историскиот настап во елитното друштво, а најново име во ростерот е...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Вардар со две квалитетни засилување: Елма Шемсовиќ и Иман Шљиво во „црвено-црниот“ дрес

Вардар ќе биде посилен со две искусни фудбалерки за продолжението од првенството во Првата женска фудбалска лига, откако „црвено-црниот“ дрес го облекуваат Елма...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Вардар со две квалитетни засилување: Елма Шемсовиќ и Иман Шљиво во „црвено-црниот“ дрес

Вардар ќе биде посилен со две искусни фудбалерки за продолжението од првенството...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) ГОЛЕМА НЕИЗВЕСНОСТ ЗА ВАРДАР НЕГОТИНО: Клубот со апел до Општината за спас на сезоната

ГФК Вардар 1938 од Неготино се соочува со сериозни финансиски и организациски...

Прва лигаФудбал

Струга ТЛ го „скрши“ Арсими за едно полувреме: Радески со хет-трик во голеадата од 6:0

Струга Трим Лум ја оправда фаворитската улога и со убедливи 6:0 го...

Прва лигаФудбал

Иљази: Ја знаеме силата на Струга, но веруваме во нашата работа и влегуваме максимално подготвени

Арсими денеска гостува во Струга, каде што ќе се соочи со поранешниот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!