Втора лигаФудбал

Трпчевски ќе го суди дербито во Охрид, Тефику главен во Автокоманда, Смоквоски оди во Радовиш

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од 17. коло во Втората македонска фудбалска лига.

Во Радовиш каде ќе се соочат Детонит Плачковица и Тетекс правдата ќе ја дели Кирил Смоквоски а ќе му помагаат Борис Трајков и Дино Конески. Четврт судија ќе биде Влатко Илиоски. Делегат на натпреварот ќе биде Трајче Шопов, а пак контролор ќе биде Злате Лозаноски.

Дербито од дното меѓу Големо Коњари и Слога Виница ќе го суди Дарко Котевски, а негови помошници ќе бидат Дарко Василевски и Јовче Кокевски. За четврт судија е делегиран Владимир Ѓорѓиевски. Цветко Костовски е делегат на средбата, а контролор ќе биде Никола Божиновски.

Дербито во Автокоманда меѓу Скопје и Беласица ќе го суди Ндерим Тефику. Помошници на „Железарница“ ќе бидат Мартин Петковски и Станко Митровиќ, додека пак четврт судија е Никола Петковски. Делегат на средбата ќе биде Зоран Гелов, а контролор Златко Неделкоски.

Големото дерби на „Билјанини Извори“ меѓу Охрид и Шкендија Арачиново го доби Стојанче Трпчевски, а негови асистенти ќе бидат Тоше Ицев и Драган Трпчевски. За четврт судија е одреден Боби Величков. Славе Ѓоргоски ќе биде делегат, а пак контролор ќе биде Џенан Хајдари. Комесар за безбедност ќе биде Зоран Саздов.



Во Ресен се игра мечот меѓу Преспа и Осогово каде правдата ќе ја дели Јордан Јовановски, а негови асистенти ќе бидат Давор Дишлиевски и Душков Панов, додека четврт судија ќе биде Блаже Петковски. Делегат на средбата е Аки Шукрија, а контролор Марјан Ецкоски.

Каменица Саса на домашен терен има идеална шанса за триумф против Победа, а за правдата ќе биде задолжен Пларент Салихи додека пак негови асистенти ќе бидат Хабиљ Љиворека и Цветанка Савеска, а за четврт судија е одреден Бардхиљ Ибраими. Ангел Ташев ќе биде делегат, а контролор ќе биде Орце Стефановски.



Новаци во рамки на 17. коло ќе биде домаќин на Кожуф, а за правдата ќе се погрижи Димитар Левески ќе му помагаат Стефан Петрушевски и Марио Мојсоски. За четврт судија е одреден Ангелчо Ристов. Делегат на средбата ќе биде Харун Исмаили, а контролор ќе биде Љубе Ристевски.

Натпреварот во Штип меѓу Брегалница и Вардар Неготино ќе го суди Борче Павловиќ, а ќе му асистираат Иван Ивановиќ и Филип Николов. Четврт судија на средбата ќе биде Дејан Младеновски. Деан Марковски ќе биде делегат, а контролор ќе биде Зоранчо Темелков.

Сите натпревари започнуваат во 14 часот.



Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ништо од дербито: Шампионот Проект убедлив против Бутел со шест гола

Наместо дерби, доминација на теренот, шампионот Проект го „разнесе“ Бутел со резултат...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!