Ракомет

Потврдени датумите: Охрид и Олимпијакос во битка за европско полуфинале!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Четвртфиналната пресметка во ЕХФ Европскиот Куп помеѓу ГРК Охрид и Олимпијакос доби и официјална временска рамка. Европската ракометна федерација ги објави термините за двата натпревари што ќе решаваат кој ќе направи чекор меѓу четирите најдобри во натпреварувањето.

Охриѓани најпрво ќе гостуваат во Атина. Првиот дуел е закажан за 29 март со почеток во 16:00 часот, каде што македонскиот претставник ќе се обиде да избори поволен резултат пред реваншот.

ФОТО: ГРК Охрид

Одлуката ќе падне во салата „Билјанини Извори“ на 4 април од 18:00 часот. Се очекува трибините да бидат исполнети до последно место, а домашниот терен да биде значаен адут во обидот за историски пласман.

Победникот од овој двомеч во полуфиналето ќе се сретне со подобриот од соочувањето меѓу Целје и Бузау, што дополнително ја зголемува тежината на претстојната битка.

ФОТО: ГРК Охрид

Европската сцена повторно ќе дише во ритамот на Охрид – а април носи шанса што не се пропушта.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
Ракомет

Озтурк не го заборави Охрид: „Се чувствувам како да сум во својот втор дом!“

ГРК Охрид убедливо го отвори европскиот двомеч со Спор Тото, совладувајќи го...

Ракомет

Радовиш убедлив против Партизан во Гевгелија, десет гола на Васе Петров

Ракометарите на Радовиш забележаа нова победа откако во Гевгелија со 25:30 го...

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!