Прва лигаФудбал

Брера со сигурен триумф во Куманово – Ивановски и Величковски ја урнаа одбраната на Башкими

Сподели
ФОТО: ФК Брера Струмица
Сподели

Брера Струмица запиша значајна гостинска победа над Башкими (0-2) во рамки на 20. коло од Прва македонска фудбалска лига и направи важен чекор во битката за опстанок.

По поразот од Работнички во минатото коло, избраниците на Мартин Алаѓозовски реагираа на вистински начин и се вратија на победничките патеки, освојувајќи три злато вредни бодови во Куманово.

Првото полувреме не понуди многу возбудувања, најчесто се играше меѓу двата шеснаесетници, со претпазлива игра од двете страни. Сепак, во самиот финиш од првиот дел струмичани го зададоа ударот. Во 44. минута Мите Тодоров испрати прецизна топка во простор, а Зоран Ивановски одлично реагираше, излезе сам пред голманот Јашар и сигурно реализираше за водство од 0-1.

Во вториот дел Башкими ја презеде иницијативата и тргна по израмнување. Мемети ја погоди стативата во 69. минута, а сериозно се закани и Аворнио со удар од работ на шеснаесетникот. Сепак, голманот Даниел Диковски беше на висина на задачата и со неколку интервенции ја сочува предноста на својот тим. Обид имаше и Личина, но мрежата на гостите остана мирна.



Кога домашните не ги искористија своите шанси, следуваше казна. Во судиското продолжение, во 93. минута, нововлезениот Никола Величковски стави точка на натпреварот, погодувајќи за конечни 0-2.

Со оваа победа Брера стигна до 26 бодови, исто колку и денешниот ривал, и јасно покажа дека сериозно ќе се бори за задржување на прволигашкиот статус. Во следното коло струмичани ги очекува тежок домашен предизвик против Струга Трим Лум, додека Башкими ќе гостува кај Шкупи во обид за поправка на впечатокот.



Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ништо од дербито: Шампионот Проект убедлив против Бутел со шест гола

Наместо дерби, доминација на теренот, шампионот Проект го „разнесе“ Бутел со резултат...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!