Прва лигаФудбал

Игор Ристов потпиша професионален договор со прволигашот Брера Струмица

Сподели
Сподели

Младиот фудбалер Игор Ристов потпиша тригодишен професионален договор со прволигашот АП Брера Струмица, а клубот денес го потврди договорот со 18-годишникот.

Од струмичкиот клуб истакнуваат дека како средина која отсекогаш промовира млади фудбалери произлезени од сопствената школа, посебна гордост претставува моментот кога тие ќе се наметнат и во сениорскиот тим. Ристов е дете на клубот, фудбалер кој своите први чекори во Брера ги направил токму во младинските категории, а сега добива целосен професионален третман.

Тој веќе е приклучен на тренинзите со сениорскиот состав, а паралелно ќе има право на настап уште една година и за младинската екипа.

Игор Ристов е роден на 7 ноември 2007 година и потекнува од радовишкото село Конче. Својата фудбалска кариера ја започна во Детонит Плачковица од Радовиш, каде настапуваше во периодот од септември 2018 до септември 2019 година, по што се пресели во Брера Струмица.



Ристов е и младински репрезентативец на Македонија. Во досегашната кариера беше дел од селекциите до 16, до 17 и до 18 години, а во моментов е член на репрезентацијата на Македонија до 19 години, што дополнително ја потврдува неговата перспектива и развоен потенцијал.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Роденденска победа: Младост славеше, а Жоао Габриел Диас Гекас доби изненадување

Младост Богданци вечерва убедливо го совлада Текстилец со 36:22 во елиминациската фаза од ракометниот Куп на Македонија, но триумфот имаше и дополнителна симболика....

Ракомет

Младост доби нов бисер: 13-годишниот Иванџиков дебитираше и погоди во Купот

Младост Богданци вечерва оствари убедлива победа од 36:22 над Текстилец во првата елиминациска фаза од Купот на Македонија, но резултатот не беше единствената...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Второлигашот Скопје се засили со Душко Трајчевски

Второлигашот Скопје за пролетната полусезона се засили со поранешниот репрезентативец Душко Трајчевски,...

КупФудбал

Силекс сигурен во Кратово, за полуфинале со сензацијата Охрид

Без изненадување во Кратово – прволигашот Силекс со убедливи 0:3 го совлада...

Втора лигаФудбал

Верните „Рибари“ најавуваат огромна поддршка за Охрид на дербито со Шкендија Арачиново

Во сабота на „Билјанини Извори“ се игра големото дерби меѓу двете водечки...

Трета лигаФудбал

Можно одложување на почетокот на пролетниот дел во Трета лига – Север?

Поради рамазанскиот пост можно е одложување на стартот на пролетниот дел во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!