Прва женска фудбалска лигаФудбал

ТАБЕЛА: Лидерот Скопје има плус пет од шампионот Љуботен, Топ Гол и Кочани во битка за опстанок

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

По 16 одиграни кола во Првата женска фудбалска лига, со две во пролетниот дел лидерот Скопје има плус пет бодови предност во однос на шампионот Љуботен кој е втор.

Скопје со учинок од 15 победи и еден пораз има 45 бодови на своето конто, а пак Љуботен кој загуби во Струмица од Тиверија Брера е втор со 40 бодови.

Овие две екипи ќе ја продолжат битката за титулата – Скопје сака да ја донесе титулата во своите витрини, а пак Љуботен да ја одбрани.

Истатов изби на третото место со 32 бодови, а пак со по 30 бодови се Каменица Саса и Тиверија Брера за делба на четвртото место, а сега струшки Ас Јунајтед е шести со 27 бодови.

Речица и Вардар го делат седмото место со по 11 бодови, на дното остануваат Топ Гол и Кочани со по четири бодови и ќе водат трка за опстанок.



Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ЖФК СКОПЈЕ 2014 16 15 0 1 44 6 +38 45
2 ЖФК ЉУБОТЕН 16 13 1 2 72 9 +63 40
3 ЖФК СЦ ИСТАТОВ 2015 Скопје 16 10 2 4 45 20 +25 32
4 ЖФК КАМЕНИЦА САСА 16 10 0 6 46 16 +30 30
5 ЖФК ТИВЕРИЈА БРЕРА АД 16 10 0 6 29 21 +8 30
6 ФК АСС УНИТЕД/ЖФК 16 8 3 5 35 20 +15 27
7 ЖФК РЕЧИЦА 16 3 2 11 19 55 -36 11
8 ЖФК Вардар 2023 16 3 2 11 9 62 -53 11
9 ФК ТОП ГОЛ/ЖФК 16 1 1 14 12 39 -27 4
10 ЖФК КОЧАНИ 16 1 1 14 10 73 -63 4



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Роденденска победа: Младост славеше, а Жоао Габриел Диас Гекас доби изненадување

Младост Богданци вечерва убедливо го совлада Текстилец со 36:22 во елиминациската фаза од ракометниот Куп на Македонија, но триумфот имаше и дополнителна симболика....

Ракомет

Младост доби нов бисер: 13-годишниот Иванџиков дебитираше и погоди во Купот

Младост Богданци вечерва оствари убедлива победа од 36:22 над Текстилец во првата елиминациска фаза од Купот на Македонија, но резултатот не беше единствената...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Второлигашот Скопје се засили со Душко Трајчевски

Второлигашот Скопје за пролетната полусезона се засили со поранешниот репрезентативец Душко Трајчевски,...

КупФудбал

Силекс сигурен во Кратово, за полуфинале со сензацијата Охрид

Без изненадување во Кратово – прволигашот Силекс со убедливи 0:3 го совлада...

Втора лигаФудбал

Верните „Рибари“ најавуваат огромна поддршка за Охрид на дербито со Шкендија Арачиново

Во сабота на „Билјанини Извори“ се игра големото дерби меѓу двете водечки...

Прва лигаФудбал

Игор Ристов потпиша професионален договор со прволигашот Брера Струмица

Младиот фудбалер Игор Ристов потпиша тригодишен професионален договор со прволигашот АП Брера...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!