Ракомет

Алушовски: Одбраната е клучот за надежта во Данска

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер е пред уште еден сериозен европски предизвик. Утревечер битолчани му гостуваат на данскиот вицешампион ГОГ Гудме, во меч што може да ги одржи во трката за пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите. Влогот е голем, а противникот добро познат.

ФОТО: РК Еурофарм Пелистер

Стратегот на „зелено-белите“ Стевче Алушовски потенцира дека стручниот штаб детално го анализирал ривалот и дека фокусот е насочен кон нивниот препознатлив стил на игра.

Данците, според него, најголемата закана ја креираат преку варијантата „седум на шест“, како и со употребата на двајца кружни напаѓачи, па токму тој сегмент ќе биде во центарот на вниманието во подготовката.

Иако се планираат одредени корекции и во офанзивниот дел, јасно е дека одбраната треба да ја донесе шансата за позитивен резултат.

„Го анализираме ГОГ Гудме, знаеме кој е вицешампионот на Данска. Загубивме тука во Битола од нив, но тоа не значи дека ќе биде исто и во реваншот. Нивен најголем адут е играта „седум на шест“ и играат добро со двата пивоти. Треба добро да се подготвиме. За играта „шест на шест“ ќе се подготвиме, но главен проблем ќе биде таа игра „седум на шест“, како и во Битола. Ставаме акцент на тој сегмент, а ќе промениме и некои детали во нападот. Но, не ја гледаме шансата да го добиеме натпреварот преку играта во напад, туку благодарение на одбраната. Секогаш наша основна цел е играта во одбрана. Ако ја сопреме нивната игра „седум на шест“, имаме шанси да се вратиме со позитивен резултат“, изјави Алушовски.

ФОТО: РК Еурофарм Пелистер

Натпреварот се игра утре (25.02) во „Свендборг Арена“ со почеток од 18:45 часот, а за битолчани тоа ќе биде нова можност да покажат дека можат да одговорат на европскиот предизвик кога е најпотребно.

ФОТО: РК Еурофарм Пелистер

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Роденденска победа: Младост славеше, а Жоао Габриел Диас Гекас доби изненадување

Младост Богданци вечерва убедливо го совлада Текстилец со 36:22 во елиминациската фаза од ракометниот Куп на Македонија, но триумфот имаше и дополнителна симболика....

Ракомет

Младост доби нов бисер: 13-годишниот Иванџиков дебитираше и погоди во Купот

Младост Богданци вечерва оствари убедлива победа од 36:22 над Текстилец во првата елиминациска фаза од Купот на Македонија, но резултатот не беше единствената...

Поврзани написи
Ракомет

Роденденска победа: Младост славеше, а Жоао Габриел Диас Гекас доби изненадување

Младост Богданци вечерва убедливо го совлада Текстилец со 36:22 во елиминациската фаза...

Ракомет

Младост доби нов бисер: 13-годишниот Иванџиков дебитираше и погоди во Купот

Младост Богданци вечерва оствари убедлива победа од 36:22 над Текстилец во првата...

Ракомет

Куп: Младост го декласираше Текстилец, конечно радост за Радовиш, фаворитите според планот

Вечерва се одиграа натпреварите од првата елиминациска фаза во ракометниот Куп на...

Ракомет

Митревски блескаше, Пелистер до херојски бод во Данска!

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер освои бод на тешкото гостување кај ГОГ Гудме,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!