Ракомет

Вардар со срце до голема победа: Минус шест не беше пречка за „црвено-црните“

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

Двократниот европски шампион Вардар 1961 покажа карактер шампионски калибар и со голем пресврт го совлада Мелсунген со 37-33 (18-19) во второто коло од главната фаза на Европската лига. Во СЦ „Јане Сандански“ се славеше победа извојувана со срце – по негатива од шест гола во првиот дел.

Иако стартот ветуваше со добра игра и рани голови, Вардар влезе во период на грешки, што гостите безмилосно го казнија. Германскиот тим стигна и до 6-12, а трибините на кратко замолкнаа.

Но токму тогаш почна будењето. Со влезот на Милош Валах меѓу стативите и серијата интервенции, „црвено-црните“ фатија ритам. Головите на Малус, Воркапиќ и Тузолана ја стопија разликата, па на пауза се замина со само гол негатива (18-19).

Вториот дел донесе експлозија. Вардар врза три гола по ред и го презеде водството – момент што ја запали салата. И кога Мелсунген повторно се обиде да возврати, вардарци одговорија со мирнотија и зрелост. Клучниот период дојде по 26-26, кога домаќинот ја казнуваше играта без голман на ривалот и со три гола во празна мрежа се одлепи на 31-27. Од тој момент, пресвртот беше комплетиран – а победата неминовна.

Лидери на теренот беа Јака Малус со 10 гола и Вукашин Воркапиќ со 9, додека Милош Валах блесна со 14 интервенции – неколку од нив во најкритичните моменти кога се кршеше мечот.

Вардар покажа дека има карактер, длабочина и вера кога е најтешко. Со новите бодови, скопскиот тим останува во игра за висок пласман во групата и следниот предизвик го пречекува со крената глава – и со публика која му верува.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Останато

(ФОТО) Шаховска сензација во Македонска Каменица: Четири деца од семејството Бурнс станаа државни шампиони!

Несекојдневен успех на првото Државно првенство на Македонија во забрзан шах за деца и млади, кое се одржа во Македонска Каменица. Четири деца...

Младински фудбалФудбал

Нова фудбалска школа во општина Чашка: Академија Јордановски ги отвора вратите за младите фудбалски таленти

Општина Чашка доби нова фудбалска академија, која има за цел да им овозможи на најмладите да ги направат своите први фудбалски чекори, да...

Поврзани написи
Ракомет

Червар предупредува на пеколен ритам пред Гдањск: „Играчите не се животни, се изморуваат!“

Еурофарм Пелистер го очекува нов сериозен европски испит, а предводникот на битолчани,...

Ракомет

„Сакаме да играме под притисок“ – Видомски најави европска битка во Битола!

По домашното дерби со Алкалоид, ракометарите на Еурофарм Пелистер целосно ги насочуваат...

Ракомет

Автокоманда во знакот на ракометот – Мулти Есенс и Алкалоид во меѓусебна пресметка!

Македонската Супер лига продолжува со нови предизвици, а едно од соочувањата во...

Ракомет

Кузманоски го искачи Строволу на врвот – македонскиот стратег лидер во кипарскиот шампионат!

Одлични вести пристигнуваат од Кипар, каде што Строволу, предводен од македонскиот селектор...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!