Ракомет

Вардар со срце до голема победа: Минус шест не беше пречка за „црвено-црните“

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

Двократниот европски шампион Вардар 1961 покажа карактер шампионски калибар и со голем пресврт го совлада Мелсунген со 37-33 (18-19) во второто коло од главната фаза на Европската лига. Во СЦ „Јане Сандански“ се славеше победа извојувана со срце – по негатива од шест гола во првиот дел.

Иако стартот ветуваше со добра игра и рани голови, Вардар влезе во период на грешки, што гостите безмилосно го казнија. Германскиот тим стигна и до 6-12, а трибините на кратко замолкнаа.

Но токму тогаш почна будењето. Со влезот на Милош Валах меѓу стативите и серијата интервенции, „црвено-црните“ фатија ритам. Головите на Малус, Воркапиќ и Тузолана ја стопија разликата, па на пауза се замина со само гол негатива (18-19).

Вториот дел донесе експлозија. Вардар врза три гола по ред и го презеде водството – момент што ја запали салата. И кога Мелсунген повторно се обиде да возврати, вардарци одговорија со мирнотија и зрелост. Клучниот период дојде по 26-26, кога домаќинот ја казнуваше играта без голман на ривалот и со три гола во празна мрежа се одлепи на 31-27. Од тој момент, пресвртот беше комплетиран – а победата неминовна.

Лидери на теренот беа Јака Малус со 10 гола и Вукашин Воркапиќ со 9, додека Милош Валах блесна со 14 интервенции – неколку од нив во најкритичните моменти кога се кршеше мечот.

Вардар покажа дека има карактер, длабочина и вера кога е најтешко. Со новите бодови, скопскиот тим останува во игра за висок пласман во групата и следниот предизвик го пречекува со крената глава – и со публика која му верува.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Роденденска победа: Младост славеше, а Жоао Габриел Диас Гекас доби изненадување

Младост Богданци вечерва убедливо го совлада Текстилец со 36:22 во елиминациската фаза од ракометниот Куп на Македонија, но триумфот имаше и дополнителна симболика....

Ракомет

Младост доби нов бисер: 13-годишниот Иванџиков дебитираше и погоди во Купот

Младост Богданци вечерва оствари убедлива победа од 36:22 над Текстилец во првата елиминациска фаза од Купот на Македонија, но резултатот не беше единствената...

Поврзани написи
Ракомет

Роденденска победа: Младост славеше, а Жоао Габриел Диас Гекас доби изненадување

Младост Богданци вечерва убедливо го совлада Текстилец со 36:22 во елиминациската фаза...

Ракомет

Младост доби нов бисер: 13-годишниот Иванџиков дебитираше и погоди во Купот

Младост Богданци вечерва оствари убедлива победа од 36:22 над Текстилец во првата...

Ракомет

Куп: Младост го декласираше Текстилец, конечно радост за Радовиш, фаворитите според планот

Вечерва се одиграа натпреварите од првата елиминациска фаза во ракометниот Куп на...

Ракомет

Митревски блескаше, Пелистер до херојски бод во Данска!

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер освои бод на тешкото гостување кај ГОГ Гудме,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!