Втора лигаФудбал

ФОТО: Охрид го доби дербито со Беласица, Брегалница загуби во Гевгелија од Кожуф, хет-трик на Дуков!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Пролетниот дел од Втората лига донесе многу погодоци и високи победи, иако првите 45 минути не гарантираа погодоци на натпреварите, во вториот дел ефикасноста се зголеми.

Брегалница со пораз ја започна пролетната полусезона откако во рамки на 16. коло загуби во Гевгелија од Кожуф со резултат од 2:0. По чистите мрежи во првиот дел, стартот на вториот дел донесе два погодоци за домаќинот и вредни три бодови.

Томица Петров во 55. минута го отвори резултатот и го прослави голот кај верните „Фантоми Север“, а за поздравување беше и големиот број на публика, можеби и најголема посетеност денес имаше во однос на останатите домашни мечеви на Кожуф во тековната сезона.

ФОТО: Спортска Мрежа

Во 66. минута Давид Ивановски имаше своја шанса која ја претвори во гол за конечни 2:0 и големо славје на фудбалерите на Кожуф.

Тетекс со победа од 2:0 го доби Вардар Неготино во дербито за опстанок преку бараж со погодоци на Азис Јамини и Агон Елмази.

Иван Глигоров е херојот на Охрид кој беше стрелец на единствениот победнички гол во Струмица каде „рибарите“ славеа минимална, но голема победа од 0:1 над Беласица во дербито на колото.



Новаци имаше убедлив триумф на стартот на вториот дел откако ја доби Победа во Прилеп со 0:5. Стефан Јовановски беше двоен стрелец, а во првиот дел погодија и Лука Лисолајски и Христијан Драгарски за 0:4 на полувреме.

Во вториот дел тимот на Дарко Крстески стигна до победата од 0:5 преку голот на Марко Лозановски.

Осогово го слави Алпај Јусуф кој во 92. минута донесе три бода за „жетварите“ во дербито на Истокот со Каменица Саса во Кочани. Новото засилување на тимот од Кочани е херој за минимален триумф.



Детонит Плачковица убедлив на стартот од пролетниот дел откако на домашен терен со 6:0 го доби Големо Коњари. Стефан Ристовски во 41. минута го отвори резултатот, а во 44. минута Дуков погоди за 2:0 на полувреме.

ФОТО: Спортска Мрежа

Во вториот дел Христијан Сркески си постигна автогол, а до крајот на мечот Дуков погоди уште двапати за негов хет-трик, а гол постигна и Александар Смилков.

Скопје без проблеми славеше над Слога во Виница со убедливи 0:4. Резултат го отвори Амир Иса во 41. минута за 0:1 на полувреме. Во вториот дел Кристијан Николовски зголеми на 0:2, а потоа погодија новите засилувања Симеон Христов и Бесмир Даци.

Фикрет Љиварека и Зани Назифи со по два погодоци обезбедија победа од 4:1 над Преспа, а за тимот од Ресен единствен стрелец беше Александар Поповски.



Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

(ФОТО) Ништо од дербито: Шампионот Проект убедлив против Бутел со шест гола

Наместо дерби, доминација на теренот, шампионот Проект го „разнесе“ Бутел со резултат...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!