Ракомет

Бутел ја заврши мисијата: Тиквеш падна во Скопје, познати сите екипи во плеј-офот

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Ракометарите на Бутел Скопје со сигурна и зрела партија го совладаа Тиквеш 2014 со 33-25 и го обезбедија последното место во плеј-офот од македонската Суперлига.

Домаќинот уште од почетокот покажа дека нема намера да дозволи изненадување. Раното водство од 6-1 ја насочи средбата во посакуваниот правец, а иако гостите успеаја делумно да се стабилизираат, на паузата сепак Бутел имаше солидна предност (17-14).

Во вториот дел скопскиот тим ја контролираше играта и постепено ја зголемуваше разликата. Во 51. минута предноста достигна и седум гола, со што практично беа решени сите дилеми околу победникот. И покрај црвениот картон за Дејан Михајловиќ во финишот, Бутел рутински го приведе натпреварот кон крај и заслужено се радуваше на пласман меѓу најдобрите шест.

Михајловиќ беше најефикасен кај победникот со седум гола, поддржан од Шилегов со пет, додека голманот Трајкоски запиша двоцифрен број интервенции. Кај Тиквеш се издвоија Димитар Коцев со осум и Димовски со седум погодоци.

Со овој триумф Бутел по осмипат во исто толку сезони во елитата ќе игра во разигрувањето за титулата. Покрај скопскиот тим и Тиквеш, во плеј-офот ќе настапат и Еурофарм Пелистер, Вардар, Охрид и Алкалоид.



Во плеј-аут фазата, пак, ќе се преселат екипите што ќе водат битка за опстанок, со што регуларниот дел од сезоната и официјално го доби својот епилог, а вниманието сега се насочува кон завршната битка за титулата. Во плеј-аутот ќе играат Радовиш, Струга, Куманово, Пролет, Еурофарм Пелистер 2 и Прилеп.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Томовски блескаше, Кузмановски предводеше: Македонија сигурна против Словачка!

Македонската машка ракометна репрезентација направи голем чекор кон нов настап на Светското...

Ракомет

Македонија вечерва го отвора баражот за пласман на Светското првенство

Вечерва од 19:00 часот во „Татран Арена“ во Прешов, машка ракометна репрезентација...

Ракомет

Јовановски останува со Чупиќ, Нечовски доби промоција во сениорскиот тим!

Раководството на клубот продолжува со градење на тимот за наредната сезона, па...

Ракомет

Француско засилување за ГРК Охрид: Адама Кеита носи големо искуство!

ГРК Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона, а петто ново име...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!