РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Младата репрезентација на Македонија У16 ја прегази Малта со убедливи 0:5

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 16 години оствари убедлива победа од 0:5 на гостувањето кај Малта, во натпревар во кој нашите фудбалери имаа целосна контрола од почетокот до крајот.

Македонија го отвори резултатот во 12. минута, кога Полимац одзеде топка и одлично асистираше до Емини, кој прецизно реализираше за водство од 1:0. Во 24. минута домашната селекција остана со играч помалку поради црвен картон поради прекршок надвор од шеснаесетникот врз Велески.

До крајот на првото полувреме предноста беше зголемена. Во 32. минута Велески одлично проигра до Полимац, кој погоди за 2:0, а во 40. минута повторно Полимац украде топка и му асистираше на Емини за трет погодок и водство од 3:0 на паузата.

Во второто полувреме Македонија продолжи со офанзивната игра. Крстевски се најде во добра можност во 47. минута, а само една минута подоцна повторно се закани, но голманот на Малта одбрани. Во 54. минута, по центаршут на Адеми од корнер, домашен фудбалер си постигна автогол за 4:0.

Конечните 0:5 беа поставени во 67. минута, кога Крстевски сигурно реализираше удар од белата точка. До крајот на натпреварот Македонија создаде уште неколку шанси, при што Николов во 70. минута имаше одлична можност, а Недановски во 81. минута ја погоди стативата.

Одличен настап на избраниците на селекторот Исејни, кои со доминантна игра и висока ефикасност заслужено стигнаа до убедлив триумф.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

„Сè е можно, двомечот не е завршен“ – Ројевиќ повикува на максимална сериозност и фокус пред реваншот во Прага

По убедливата победа на Охрид против Дукла Прага со 30-21 во „Билјанини Извори“, вниманието веќе се свртува кон реваншот во Прага. Домашната победа...

Ракомет

Шампионот Ѓорче Петров со убедлива победа над Спартак го отвори пролетниот дел

Ракометарките на шампионот Ѓорче Петров со убедлива победа над Спартак од 35:21 го отворија пролетниот дел во Супер лигата. По петнаесет минути игра...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Омерагиќ: Во оваа група навистина треба да видиме колку вредиме

Фудбалската репрезентација на Македонија ги доби противниците во Б сегментот за Лига...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Објавен календарот за натпреварите од Лигата на нациите: Македонија на домашен терен ја отвора Лига Б

Европската фудбалска асоцијација го објави распоредот за натпреварите во новото издание на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентацијаФутсал

Селекторот Газменд Хисејини: Имаме големи шанси за пласман во главната фаза

Македонската футсал репрезентација на успешен начин ги отвори подготовките за квалификациите за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!