РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Објавен календарот за натпреварите од Лигата на нациите: Македонија на домашен терен ја отвора Лига Б

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Европската фудбалска асоцијација го објави распоредот за натпреварите во новото издание на Лигата на нации.

Фудбалската репрезентација на Македонија дебитантскиот настап во Б конкуренцијата ќе го започне на домашен терен против селекцијата на Швајцарија.

Историскиот прв меѓусебен натпревар меѓу двете репрезентации ќе се одигра на 26 септември на арената „Тодор Проески“ во Скопје, со почеток од 20:45 часот.

Во првиот циклус, кој опфаќа четири кола, Македонија ќе одигра две гостувања – во Словенија и Швајцарија, а пред домашната публика ќе ја пречека и селекцијата на Шкотска.

Во завршните две рунди во ноември, нашата репрезентација најпрво ќе гостува во Глазгов, додека во последното коло на домашен терен ќе се соочи со Словенија.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ:

26.09.2026 (сабота)

20:45 МАКЕДОНИЈА – Швајцарија

29.09.2026 (вторник)

20:45 Словенија – МАКЕДОНИЈА

03.10.2026 (сабота)

20:45 МАКЕДОНИЈА – ШКОТСКА

06.10.2026 (вторник)

20:45 Швајцарија – МАКЕДОНИЈА

13.11.2026 (петок)

Шкотска – МАКЕДОНИЈА

16.11.2026 (понеделник)

20:45 МАКЕДОНИЈА – Словенија

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола го надигра Куманово со 36-23 во првиот натпревар од шестото коло...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата на Арсими денес се враќа на домашен терен, каде што ќе...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!