РепрезентацијаФудбалска репрезентацијаФутсал

Селекторот Газменд Хисејини: Имаме големи шанси за пласман во главната фаза

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската футсал репрезентација на успешен начин ги отвори подготовките за квалификациите за Светското првенство, откако во два контролни натпревари одиграни во Гевгелија забележа две победи против селекцијата на Австрија.

Избраниците на селекторот Газменд Хисејини славеа со 5:3 на првиот натпревар, додека во вториот триумфираа со 4:2.

„Одигравме два одлични натпревари. Противникот беше квалитетен и задоволен сум од она што го прикажаа фудбалерите. Шанса добија сите играчи кои ги имав на располагање, а во тимот настапија и неколку млади фудбалери на кои ова им беше прв настап за националниот состав. Генерално, задоволен сум од изданието на тимот“, изјави селекторот Хисејини.

Во двата дуели Македонија направи пресврт, иако противникот имаше водство. На првиот меч Австрија поведе со 3:0, но македонските футсалци со одлична игра во продолжението стигнаа до победа. На вториот натпревар гостите први поведоа со гол од слободен удар, по што нашиот тим брзо ја презеде контролата и го сврте резултатот во своја корист.

„На првиот натпревар влеговме малку опуштено и им дозволивме на Австријците лесно да постигнат голови, но во паузата ги договоривме работите и играчите тоа максимално го спроведоа на теренот. На вториот меч по примениот гол веднаш ја презедовме контролата. Посебно ме радува настапот на младите играчи кои покажаа дека заслужено се дел од репрезентацијата“, додаде селекторот.

Овие средби претставуваат вовед во квалификацискиот турнир за Светското првенство, кој ќе се одржи во април. Македонија ќе се соочи со Литванија, Турција и Бугарија.

„Квалификацискиот турнир ќе се одигра во април и верувам дека имаме реални шанси да ја минеме првата пречка и да обезбедиме пласман во главната фаза. Наш најсериозен конкурент за првото место ќе биде домаќинот Литванија, додека очекувам позитивни резултати во натпреварите против Турција и Бугарија. Секако, не смееме да потцениме ниту еден противник, но сметам дека квалитетот е на наша страна во однос на овие две селекции“, изјави Хисејини.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!