Ракомет

Младост е моќен, четата на Горан Андоновски незапирлива, Партизан „прегазен“ во Богданци!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Непоразениот лидер во Првата ракометна лига со убедлива победа ја отвори 2026 година, откако на домашен терен и пред верната публика со 39:23 го декласираше Партизан од Гевгелија.

Гостинот имаше капацитет да парира во првиот десеттина минути од игра, а потоа Младост даде гас и започна да ја полни мрежата противникот. Од 5:5 во десеттата минута од мечот, Младост започна да ја гради резултатската предност која на полувреме беше 17:13.

Во вториот дел Младост правеше серија на погодоци и стигна до високите и конечни 39:23.



Даниел Андоновски беше неверојатен и постигна 11 погодоци во мрежата на Партизан, а Лазар Адомовиќ се истакна со шест гола, кај Партизан прво име беше Илија Пејковски со 14 гола, но тоа не беше доволно ниту за ублажување на поразот.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Томовски блескаше, Кузмановски предводеше: Македонија сигурна против Словачка!

Македонската машка ракометна репрезентација направи голем чекор кон нов настап на Светското...

Ракомет

Македонија вечерва го отвора баражот за пласман на Светското првенство

Вечерва од 19:00 часот во „Татран Арена“ во Прешов, машка ракометна репрезентација...

Ракомет

Јовановски останува со Чупиќ, Нечовски доби промоција во сениорскиот тим!

Раководството на клубот продолжува со градење на тимот за наредната сезона, па...

Ракомет

Француско засилување за ГРК Охрид: Адама Кеита носи големо искуство!

ГРК Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона, а петто ново име...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!