Европско првенство 2026Ракомет

Хрватска ја доби драмата со Исланд и го освои бронзениот медал на ЕП!

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Ракометната репрезентација на Хрватска стигна до бронзениот медал на Европското првенство, откако во исклучително возбудлив натпревар за третото место го совлада Исланд со 34-33.

„Коцкестите“ одиграа зрело и храбро кога беше најпотребно. По одличното отворање и водството од 17-14 на полувремето, Хрватска во текот на вториот дел најчесто ја контролираше играта, иако Исланд во самиот финиш внесе вистинска драма и се доближи на само еден гол разлика.

Клучните моменти му припаднаа на Тин Лучин, кој блескаше со девет погодоци и неколку асистенции, додека Верон Начиновиќ додаде шест, а Иван Мартиновиќ пет гола. Голманот Матеј Мандиќ имаше значајна улога со осум интервенции во критични моменти. Кај Исланд, најефикасен беше Омар Инги Магнусон со 12 гола.

И покрај здравствените проблеми и напорниот ритам на турнирот, Хрватска покажа карактер и ментална цврстина. Филип Главаш, кој претходно промаши пенал, се издигна во херој со погодокот во последната минута што ја запечати победата.


Со ова одличје, Хрватска стигна до четвртата бронза на европските шампионати (1994, 2012, 2016 и 2026) и вкупно 16-ти голем медал од Олимписките игри, Светските и Европските првенства, потврдувајќи го статусот на една од најголемите ракометни сили во Европа.

Финалето на шампионатот, кое започнува од 18:00 часот, ќе го одиграат Данска и Германија.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на место во Првата футсал лига за следната сезона, откако на воведниот...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и Осогово од Крива Паланка (2:2) за отварање на 14. коло во...

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Кузмановски со пенал во последна секунда донесе реми против Австрија

Со гол од пенал во последната секунда, капитенот- Филип Кузмановски донесе реми...

Ракомет

ВИДЕО: Јовчевски со 15, а Пејковски со 13 „проектили“: Партизан со моќна победа над Шампион

Во меч со 81 гола екипата на Партизан славеше на гостувањето кај...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20...

Ракомет

Картите пуштени во продажба: Охрид ги повика навивачите да бидат „осми играч“ против Олимпијакос

Ракометниот клуб Охрид официјално ги пушти во продажба билетите за реванш натпреварот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!