Прва женска фудбалска лигаФудбал

Капитално засилување за ЖФК Вардар: Пристигна искусната Јулија Живиќ

Сподели
ФОТО: ЖФК Вардар
Сподели

ЖФК Вардар доби капитално засилување за пролетниот дел од сезоната во Првата женска фудбалска лига – дебитантот ја промовираше искусната Јулија Живиќ како ново засилување.

25-годишната Живиќ доаѓа од редовите на шампионот Љуботен, од клубот ја претставија како искусна, сигурна и тактички зрела фудбалерка која одлично ги покрива бочните позиции.

Со својата брзина, енергија и интелигентно движење без топка, Живиќ носи стабилност, динамика и голема работна етика во редовите на Вардар. Фудбалерка со одлично чувство за простор, постојана поддршка во напад и дисциплина во одбрана — квалитети што ја прават исклучително вредно засилување за „црвено-црните“.

Покрај за Љуботен, Живиќ низ својата кариера настапуваше за Шкендија, Скопје и Борец од каде и ја започна кариерата, а пак во странство Живиќ градеше кариера во Неа Саламина во Кипар и Ријека во Хрватска.

Претходно, како што веќе објави Спортска Мрежа, Вардар промовираше четири засилувања – во пакет од Топ Гол пристигнаа Натали Талевска, Михаела Марковска и Ивана Милевскa, како и со Ива Здравеска од Истатов.


Вардар зад себе има солидна есенска полусезона како дебитант во Првата женска фудбалска лига, а со квалитетните засилувања кои ги промовираше сигурно е дека девојките на Теодора Димитровска ќе целат шампионатот да го завршат на седмата позиција, а во таа трка ќе бидат со Речица.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!