Ракомет

Картите пуштени во продажба: Охрид ги повика навивачите да бидат „осми играч“ против Олимпијакос

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Ракометниот клуб Охрид официјално ги пушти во продажба билетите за реванш натпреварот од четвртфиналето во ЕХФ Европскиот куп против грчкиот Олимпијакос, кој ќе се одигра во СРЦ „Билјанини извори“.

Станува збор за еден од најважните натпревари за охридскиот тим оваа сезона, во кој ќе се решава патникот во полуфиналето, а клубот веќе ја мобилизира својата публика.

Првиот натпревар ќе се одигра во Атина, додека реваншот е закажан за 4 април со почеток од 18:00 часот во Охрид.

„Онлајн продажбата на билети за натпреварот на ГРК Охрид од 1/4 финалето на ЕХФ Европскиот Куп со СФП Олимпијакос е во тек.

Билетите за натпреварот во „Билјанини извори“ се пуштени во продажба онлајн“, информираат од клубот.

Од Охрид упатија и јасна порака до навивачите – салата треба да биде нивното најсилно оружје.

„Бидете осми играч на екипата и дел од овој спектакл!“, порачуваат од клубот.

Се очекува „Билјанини извори“ да биде исполнета до последно место и да создаде вистинска ракометна атмосфера за историски резултат на Охрид на европска сцена. Линк на кој можете да купите карта.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!