Ракомет

ВИДЕО: Јовчевски со 15, а Пејковски со 13 „проектили“: Партизан со моќна победа над Шампион

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Во меч со 81 гола екипата на Партизан славеше на гостувањето кај Шампион со резултат од 35:46, меч со кој се отвори 19. коло на Првата ракометна лига.

„Бундеслигашки“ ракомет со голем број на постигнати погодоци, а гостинот од Гевгелија уште од самиот старт изгради голема разлика што беше недостижно за домаќинот да приреди било какво изненадување.

На полувреме резултатот беше 10:25, а во вториот дел како на тренинг рутински беше потврден високиот триумф за Партизан.

Двајцата ракометари имаа свое гол-шоу: За домашниот тим Давид Јовчевски постигна 15 погодоци, но не беа доволни ниту за ублажување на поразот, а на спротивната страна Илија Пејковски „испука“ 13 погодоци.

Партизан стигна до седмиот триумф и со 13 бодови е на десеттото место, а пак Шампион впиша шеснаесетти сезонски триумф и се наоѓа на претпоследното место со два бодови.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Натпреварот Вардар – Бутел е поместен за понеделник

Натпреварот меѓу Вардар и Бутел Скопје, наместо викендов, ќе се одигра во понеделник, на 19 октомври. Промената на терминот доаѓа поради настапот на...

Ракомет

Пелистер убедлив во Прилеп, Кузмановски со девет гола ги предводеше битолчани

Еурофарм Пелистер продолжува сигурно да чекори низ Суперлигата. Битолчани без поголеми проблеми го решија гостувањето кај Прилеп, славејќи со убедливи 39-23, со што...

Поврзани написи
Ракомет

Натпреварот Вардар – Бутел е поместен за понеделник

Натпреварот меѓу Вардар и Бутел Скопје, наместо викендов, ќе се одигра во...

Ракомет

Пелистер убедлив во Прилеп, Кузмановски со девет гола ги предводеше битолчани

Еурофарм Пелистер продолжува сигурно да чекори низ Суперлигата. Битолчани без поголеми проблеми...

Ракомет

Бутел ја испушти победата во Хрватска, Горица се спаси со пресврт во финишот  

Ракометарите на Бутел Скопје пропуштија можност за позитивен резултат на гостувањето кај...

Ракомет

Алкалоид со сигурен чекор кон следната рунда, Ферлах падна во „Автокоманда“!

Ракометарите на Алкалоид на најдобар начин ја започнаа европската авантура, откако на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!