Прва лигаФудбал

Велија: Максимално мотивирани против Вардар – целта е победа

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Арсими  го очекува уште една исклучително тешка пресметка, овој пат против актуелниот лидер Вардар, во натпревар од 24. коло на првата лига. Гостиварскиот состав се надева дека ќе ја продолжи добрата форма и дека може да стигне до позитивен резултат, иако задачата е многу комплексна.

Еден од најискусните фудбалери на тимот, Башким Велија, верува дека Арсими се движи во вистинска насока и покрај минималниот пораз од Шкендија во претходното коло. Според него, екипата веќе покажува значителен напредок:

“И покрај поразот, формата оди во нагорна линија и против Вардар одиме да постигнеме позитивен резултат. И покрај минималниот пораз од Шкендија, сметам дека покажавме многу подобра игра во споредба со претходните натпревари. Полека излегуваме од кризата. Можеби резултатите сè уште не се како што посакуваме, но играта ни е подобра и тоа е многу позитивен знак”, истакнува Велија.

Тој дополнува дека тимот е на добар пат конечно да ги капитализира подобрите партии:

“Убеден сум дека многу скоро ќе почнеме да бележиме позитивни резултати и да се вратиме таму каде што мислиме дека ни е местото.”

Во пресрет на дуелот со Вардар, Велија потенцира дека мотивацијата во тимот е на највисоко ниво:

“Против Вардар ќе влеземе максимално мотивирани. Не очекува исклучително важен натпревар и ќе дадеме се од себе за добар резултат. Целите за сезоната остануваат исти и решени сме да ги постигнеме.”

Арсими верува дека може да го изненади лидерот и да се врати со позитивен резултат, што би било голем поттик за продолжението од сезоната. натпреварот. Натпреварот ке се одигра денес  со почеток од 14:30 часот на градскиот стадион во Гостивар.



Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!