Младиот фудбалер Иса Цанески од Прилеп замина од тетовска Шкендија и кариерата ќе ја продолжи во нов клуб, а како можна опција е Струга?
18-годишникот во дресот на Шкендија настапуваше во период од септември 2022 до јануари 2026 година, настапувајќи во младинската Суперлига, а пак претходно пет години беше дел од фудбалскиот клуб Прилеп, кој е негов матичен клуб.
Се работи за талентиран фудбалер од кој во дресот на Шкендија бележеше одлични настапи, а за што Спортска Мрежа и претходно известуваше за овој талент, откако на натпревар од 8. коло на кадетската Суперлига одигран во ноември 2024 година, Цанески постигна два погодоци во убедливата победа на Шкендија од 4:1 над Шкупи.
Во есенскиот дел од актуелната сезона за Шкендија во младинската Суперлига, 18-годишниот Цанески постигна четири погодоци.