Останато

ФОТО: Петре Велков, Софија Пандева и Филип Маџунков избрани за спортисти на Струмица за 2025 година

Сподели
ФОТО: Општина Струмица
Сподели

Под покровителство на градоначалникот Петар Јанков и Советот на Општина Струмица, а во техничка организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт на Струмица, синоќа во хотелот „Сириус“ по 63-ти пат се одржа традиционалниот избор на најдобрите спортисти, тренери и спортски екипи за 2025 година.

Свеченоста ја отвори градоначалникот Петар Јанков, кој им честиташе на сите наградени за постигнатите резултати и истакна дека Струмица со децении е препознатлива како спортски град.

Тој потенцираше дека локалната самоуправа активно работи на создавање подобри услови за развој на спортот, посочувајќи ја изградбата на новото повеќенаменско спортско игралиште во дворот на гимназијата „Јане Сандански“, како и најавите за идни инвестиции во спортската инфраструктура, наменети и за младите и за повозрасните, како и за рекреативците и професионалните спортисти.


Изборот беше реализиран во две главни категории – индивидуален и екипен спорт, како и подкатегоријата „спортска надеж“.

ФОТО: Општина Струмица

За спортист на годината во индивидуален спорт беше прогласен Петре Велков од КБК К1 АРЕНА. Во екипниот спорт, признанијата заминаа кај одбојкарите – Софија Пандева од ОК „Наковски Волеј“ е најдобра во женска конкуренција, додека Филип Маџунков од ОК „Струмица 47&72“ е спортист на годината во машка конкуренција.

ФОТО: Општина Струмица

Во категоријата млади спортисти, за најуспешни во индивидуален спорт беа избрани Катја Поп-Николова од ШК „Цареви Кули“ и Филип Пасков од КК „Шихан“. Во екипниот спорт, признанијата им припаднаа на Ивана Милева од ОК „Наковски Волеј“ во женска и Јован Милев од ОК „Струмица“ во машка конкуренција.

ФОТО: Општина Струмица

За најдобри сениорски екипи на Струмица за 2025 година беа избрани ОК „Струмица“ во екипен спорт и КБК Тим Зоран во индивидуална конкуренција, додека титулата најдобра младинска екипа ја освои ФК „Академија Пандев Брера“ во пионерска категорија.

ФОТО: Општина Струмица

Признанијата за тренер на годината во индивидуален спорт му припаднаа на Зоран Спасов од КБК Тим Зоран, а во екипниот спорт најдобар беше Александар Митев од ОК „Наковски Волеј“. Во младинска категорија, за најдобар тренер во индивидуален спорт беше избран Атанас Василев од КК „Шихан“, додека во екипниот спорт признанието го доби Мартин Алаѓозовски од ФК „Академија Пандев Брера АД“.

Со оваа манифестација, Струмица уште еднаш ја потврди својата богата спортска традиција и континуираната поддршка за развој на спортот и спортистите во сите возрасни категории.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина...

Останато

Европскиот шампион Петар Мијалков од Македонија ги стартуваше подготовките во Шпанија

По блескавата 2025 година во која го покори Стариот Континент и стана...

Останато

Купот на ОФМ по 15 години повторно во Скопје

Финалниот турнир од Купот на ОФМ 2026 во машка и женска конкуренција,...

Останато

Наковски Волеј победник во струмичкото дерби против Струмица Жени

Одбојкарките на ОК Наковски Волеј остварија победа од 3:1 во сетови (25:20,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!