Останато

Наковски Волеј победник во струмичкото дерби против Струмица Жени

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Одбојкарките на ОК Наковски Волеј остварија победа од 3:1 во сетови (25:20, 21:25, 25:21, 25:14) против ОК Струмица Жени во градското дерби со кое беше отворено претпоследното, 17. коло од регуларниот дел на сезоната во Првата лига во женска конкуренција.

Лидерот на табелата Наковски Волеј успеа да ја оправда фаворитската улога, но натпреварот не беше воопшто лесен, бидејќи одбојкарките на Струмица Жени пружија силен отпор и во текот на мечот се потрудија да го направат дуелот што поинтересен и неизвесен.

Првиот сет му припадна на Наковски Волеј со 25:20, но домашниот состав возврати во вториот сет и со 25:21 израмни на 1:1. Во продолжението фаворитот повторно ја презеде иницијативата, па со 25:21 во третиот и убедливи 25:14 во четвртиот сет стигна до победа од 3:1.

Со овој триумф Наковски Волеј продолжува со одличните резултати во шампионатот, додека останатите натпревари од 17. коло во Првата лига во женска конкуренција се играат во сабота.



Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Тренерска промена во Радовиш: Горан Здравков спогодбено се раздели со Детонит Плачковица

Седма тренерска промена во Втората македонска фудбалска лига, второлигашот Детонит Плачковица и досегашниот стратег Горан Здравков спогодбено се разделија, со што тимот од...

Ракомет

Митревски и Тодоровски повторно дел од европската ракометна сцена, ќе судат дуел на Порто и Веспрем!

Македонското ракометно судење ќе има свои претставници на уште еден натпревар од најелитното европско клупско натпреварување. Димитар Митревски и Благојче Тодоровски добија доверба...

Поврзани написи
Останато

Кристиан Ристески: Ова претставува огромна чест и задоволство, но истовремено и голема одговорност за сите нас

Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД денес ќе дебитира во Лигата на шампиони,...

Останато

(ФОТО) По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп

По децении запуштеност, спортската сала „Македонија“ во Прилеп конечно ќе добие целосна...

Останато

Штип УГД пристигна во Холандија за историското деби во Лигата на шампионите, познати и судиите

Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД е во Холандија, каде што во среда...

Останато

Историски предизвик за Штип УГД: Македонскиот шампион дебитира во Лигата на шампионите!

Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД во среда (21 октомври) ќе го има...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!