Ракомет

Бутел Скопје убедливо го совлада Пролет во пријателски дуел

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането преземање без претходна писмена согласност!
Сподели

Ракометарите на Бутел Скопје ја забележаа втората контролна победа пред продолжението на сезоната во Суперлигата, потврдувајќи дека се подготвени за предизвиците што следат.

На вториот пријателски дуел пред стартот на официјалните средби, избраниците на тренерот Горан Кузманоски го совладаа градскиот ривал Пролет со резултат 34-27. На паузата, Бутел водеше со тесни 18-16, но во продолжението успеа да ја зголеми предноста и да стигне до убедлива победа.

Сите расположиви играчи добија шанса за настап, вклучувајќи ги и младите ракометари, кои го искористија моментот за да се покажат пред тренерскиот тим.

Следниот предизвик за Бутел е утрешниот трет и последен пријателски натпревар, кој ќе го одиграат против српскиот Железничар Ниш, со цел да ја заокружат подготовката пред официјалните дуели во Супер лигата.

Бутел Скопје го потврдува добриот ритам и се движи кон плеј-офот, додека Пролет ќе мора да се бори за опстанок во елитната конкуренција оваа сезона.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Роденденска победа: Младост славеше, а Жоао Габриел Диас Гекас доби изненадување

Младост Богданци вечерва убедливо го совлада Текстилец со 36:22 во елиминациската фаза од ракометниот Куп на Македонија, но триумфот имаше и дополнителна симболика....

Ракомет

Младост доби нов бисер: 13-годишниот Иванџиков дебитираше и погоди во Купот

Младост Богданци вечерва оствари убедлива победа од 36:22 над Текстилец во првата елиминациска фаза од Купот на Македонија, но резултатот не беше единствената...

Поврзани написи
Ракомет

Роденденска победа: Младост славеше, а Жоао Габриел Диас Гекас доби изненадување

Младост Богданци вечерва убедливо го совлада Текстилец со 36:22 во елиминациската фаза...

Ракомет

Младост доби нов бисер: 13-годишниот Иванџиков дебитираше и погоди во Купот

Младост Богданци вечерва оствари убедлива победа од 36:22 над Текстилец во првата...

Ракомет

Куп: Младост го декласираше Текстилец, конечно радост за Радовиш, фаворитите според планот

Вечерва се одиграа натпреварите од првата елиминациска фаза во ракометниот Куп на...

Ракомет

Митревски блескаше, Пелистер до херојски бод во Данска!

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер освои бод на тешкото гостување кај ГОГ Гудме,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!