Европско првенство 2026РакометРакометна репрезентација

Нови правила на ЕП 2028: четвртфиналиња и слободен ден за репрезентациите!

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Европската ракометна федерација реагираше на критиките за сегашните распореди на натпреварите на Европското првенство 2026 и најави конкретни промени за идните континентални шампионати. Целта е да се намали оптоварувањето на играчите и да се обезбеди подобар баланс меѓу деновите за одмор и патување.

Во соопштението, ЕХФ истакнува дека сегашните распореди се подготвуваат многу однапред, во соработка со организаторите, и дека двојни натпреварувачки денови постоеле и на претходни шампионати. Исто така, федерацијата напоменува дека прилагодувањата за идните ЕП зависат од фазата на организациските процедури.

„Важно е да се напомене дека ваквите распореди секогаш се подготвуваат многу однапред, во соработка меѓу организаторите и ЕХФ. Распореди со двојни натпреварувачки денови постоеја и на претходни првенства. Исто така, можностите за прилагодување на идните ЕП зависат од фазата на организациските процедури“, стои во соопштението од ЕХФ.

За идните турнири веќе се најавени конкретни промени:

  • Женско Европско првенство 2026 (Полска, Романија, Чешка, Словачка, Турција, 3–20 декември 2026) – распоредот ќе гарантира јасна поделба меѓу деновите за патување и деновите за одмор.
  • Машко Европско првенство 2028 (Шпанија, Португалија, Швајцарија, 13–30 јануари 2028) – нема да има последователни натпреварувачки денови; деновите за патување и одмор ќе бидат одвоени, а два натпревари во два дена ќе се избегнуваат.
  • Женско Европско првенство 2028 (Норвешка, Данска, Шведска) и сите ЕП од 2030 па натаму – ЕХФ разговара со организаторите за воведување четвртфинална фаза. Ако се воведе, максималниот број натпревари ќе остане девет, но ќе се обезбеди барем еден ден одмор меѓу секој дуел и одвоени денови за патување.

Со оваа промена, ЕХФ индиректно признава дека сегашниот систем создава проблеми, но најавува похуман и поправеден натпреварувачки распоред во иднина.

За македонската машка репрезентација, воведувањето на четвртфинална фаза значи дополнителна шанса за напредок. Според новиот систем, ако се применуваше сега, Македонија ќе беше дел од главната рунда и ќе се натпреваруваше во Хернинг, со можност за повисок пласман.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026 година, Вардар ЕМ, ќе ги одмерат силите во женскиот натпревар од...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти за македонската одбојка – јубилејното 50. издание на меморијалниот турнир и...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!