Завршницата на Европското ракометно првенство ќе помине со веќе познати судиски имиња. Европската ракометна федерација ја соопшти официјалната распределба на судиските двојки за клучните натпревари на шампионатот, во кои ќе се решаваат пласманите и медалите.
Судиската програма започнува во денес, 30 јануари, кога на програмата е дуелот за петтото место меѓу Португалија и Шведска, кој веќе започна во 15:00 часот. Овој натпревар го суди исландската двојка Јонас Елиасон и Антон Палсон.
Подоцна, следуваат и двете полуфинални пресметки. Во првото полуфинале, од 17:45 часот, во кое ќе се сретнат Германија и Хрватска, правдата ќе ја делат словенечките судии Бојан Лах и Сок Давид.
Во вечерниот термин, пак, од 20:30 часот, дуелот меѓу Данска и Исланд ќе биде во рацете на норвешката двојка Ларс Јорум и Хавард Клевен.
Кулминацијата на првенството е закажана за недела, 1 февруари. Натпреварот за бронзениот медал ќе започне во 15:15 часот, а ќе го судат Шпанците Марин Андреу и Игнасио Гарсија. Големото финале, пак, ќе се игра од 18:00 часот, со судиска двојка од Црна Гора – Иван Павичевиќ и Милош Ражнатовиќ.
Со оваа распределба, ЕХФ ја заокружи судиската организација за најважните натпревари на шампионатот, на кои ќе се добие новиот европски првак, како и освојувачите на медалите.